Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3884263 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Се слагам со Онак, ни ја не глеам ништо лошо на видеото. Жива кола нема, гужва нема никаде, а ни Бит Пазар не е воопшто лош.

@Suzuki: Ако ова ти е гужва, тогаш ти препорачувам, односно те предупредувам да не одиш со кола никогаш во Солун, камоли па некој друг голем град.

Само да се хејтало Скопје..
Абе па ќе се хејта скопје како не.. сите паркинзи се наплаќаат, афтобусите на сред пат застануваат, коли се пикаат од сите страни, а за видеово вистина дека не е толку гужва, ама да појдеш во друг период во скопје, уште покатастрофен е сообраќајот...

Него, некој имаше купено камера за во кола...Па ако може нека аплаудира едно видео на youtube...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
1. Да, паркинзите се наплаќаат. Тоа ни смета и на нас Скопјаните.
2. Автобусите (барем на Партизанска) не застануваат на сред пат, особено откако се расчисти првата лента. Приватњаците што се тркаат за повеќе патници се језиви и сасвим друга прича.
3. Со оглед на бројката на возила во градов и дополнителните возила кои доаѓаат од другите делови на Македонија во текот на денот, Скопје има прилично проточен сообраќај. Има неколку тесни грла низ градов, но лесно се избегнуваат.

Генерално се слагам со тебе, али верувај ми дека гужвата во Скопје е ништо во споредба со другите поголеми градови. А да го споредуваш сообраќајот во Скопје со сообраќајот во Кичево каде што има еден булевар, 2-3 улици и еден семафор не одговара баш..

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Па како да не споредувам, кога во скопје неможиш на раат да си возиш...Се пазиш да не те удри некој, а во исто време да не удиш некого, секое излагање мора да платиш паркинг, на секој ќош камери или па незнам што поставени...Вистина е дека во Кичево има 2 семафори и неколку улици, али ваму има прилично редок сообраќај, нема толку многу будаличишта освен неколкуте таксисти, паркинг ваму до сега немам платено, а одам СК и на прв паркинг ми наплаќаат....

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Еxxxx вие не сте биле во Њујорк ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Па како да не споредувам, кога во скопје неможиш на раат да си возиш...Се пазиш да не те удри некој, а во исто време да не удиш некого, секое излагање мора да платиш паркинг, на секој ќош камери или па незнам што поставени...Вистина е дека во Кичево има 2 семафори и неколку улици, али ваму има прилично редок сообраќај, нема толку многу будаличишта освен неколкуте таксисти, паркинг ваму до сега немам платено, а одам СК и на прв паркинг ми наплаќаат....

Јас си плаќам паркинг во Кичево :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Во хотел Унион ??? Со оглед на тоа дека таткоми до пред 2 години работеше во хотелот,  го познават тој што наплаќа...(во градов, само на хотелов паркингот наплаќаат)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Мојата логика е следната - ако имаш пари за кола, имаш пари да платиш паркинг. Да платам за паркинг воопшто не ми смета - во секој нормален и голем град со цел да се намали гужвата се плаќа паркингот и тоа воопшто не е проблем. Тоа што ние сме копито народ па ќе го узурпираме секој можен слободен простор само за да не платиме паркинг (па макар паркирал и на трева, во парк, некому пред врата, итн) тоа е сосема друг муабет.

Неплаќањето паркинг „пошто ја сум тој и тој“ ми е на исто интелектуално ниво као фрлање ѓубре од тераса, пљукање од прозор, итн..

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
не е јас сум тој и тој...Си паркираш колата, му правиш здраво и фино лепо си заминуваш...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34463
  • Таков е животот... јебига

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Еxxxx вие не сте биле во Њујорк ;D

Или Париз... Или Тирана... Или Куманово :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5383
Со тоа што плаќам ништо не добивам на која основа ги давам парите? Ако нешто се деси на колата не одговараат ако некој ја обие не одговараат па зашто бе да платам? А за тоа колку пари е 1 час ич да не збориме

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34463
  • Таков е животот... јебига
Во Њујорк нема коли.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Во хотел Унион ??? Со оглед на тоа дека таткоми до пред 2 години работеше во хотелот,  го познават тој што наплаќа...(во градов, само на хотелов паркингот наплаќаат)

Да да таму :)

Нема гужва па не ми е проблем да платам, а и блиску ми е до судот ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
@.::Suzuki::.

Тебе ако ти е проблем возењето во Скопје ти воопшто не знаеш што е возење, сообраќај. Скопје не е ништо, Скопје е одлично во споредба со некои дтуги градови со иста големина и заситеност. Неможеш да кажеш дека е лош сообраќајот, едноставно сообраќај е. Неискусните на сообраќај и почетниците го сметаат за ваков онаков, искусните возачи им е само напорен но не необичен.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Ја незнам што го напнавте толку Сузуки, пријател од Нови Сад неможе ни еден ден да издржи во Белград, вика брате то је хаос човече ;D ;D . Нормално е тоа за луѓе кој доаѓаат од помирна средина во похаотична.