Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3883688 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Неможе закон за забрзување да има! Поглупа работа не сум чул.

Па неговото јако забрзување кај банза на пр. е нормално. И како сега? Глупост жива! Не требало да потпише. Никој судија нема да го обвини без потпис за ваква работа. И самиве џандари иделе на мања/веча, дали ќе упали. Чим си потпишал, готово.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
А баш сабајле гледав реклама за рено Меган РС која гласеше "Возењето над 130 е забрането но забрзувањето до него за 8 секунди не е"  :D и си викам сеа кај нас одма со закон ќе го забранат и тоа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Аииии мрдната држава, што ќе не чуеш, што ќе не видиш. Си се зезнал што си потпишал, иначе на суд ќе им го поставеше прашањето, како тоа службеното лице утврдило дека нагло си забрзал и со кој уред е тоа измерено и што всушност треба да значи нагло забрзување? Затоа што ниеден закон не може да биде заснован на произволни податоци(на џандарот како ќе му се види или слушне), мора ако веќе е утврдено нагло забрзување да биде посочено што значи, на пример нагло забрзување е ако возачот од семафорот во наредните 30 метри развие брзина од 60 километри на час, ова не мора да значи дека е така, го треснав само како пример. Иначе, пробај иди на суд кажи дека не си знаел зашто си потпишал и дека службеното лице не ти објаснило што всушност значи потпишување на записник и постави му го на судијата прашањето од погоре и исто така побарај измерени податоци од уред со кој што би се докажала твојата брзина и евентуалното нагло забрзување. Ако немаат ништо од тоа не може да те осудат врз основа на произволна проценка на џандарот он не е уред за мерење. Јас не би им платил, би идел на суд ;)

А утврдија пошто се слуша од филтерот, ја стапнав прва и втора до 4000 рпм
Ова у секоја нормална држава паѓа на суд. Обавезно да идеш на суд, само радарот е доказ за брзината, џандар од око и од слух не може да процени коллку брзо возиш. Немој да си им платил мамицата нивна лоповска.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44961
  • Il Moderatore
45 евра ќе платам, нема намалување на казните до 200 евра...потпишав да им ебам све женско по список, господ нека ни е напомош со закониве


А утврдија пошто се слуша од филтерот, ја стапнав прва и втора до 4000 рпм
Како нема? Мене лани за брзо возење 45е казна на пола за одма (во рок од 8 дена) ми беше. Да не е нешто тоа за возачи почетници или слично?

Инаку:

Цитат
Член 36
(1) Возачот не смее да го менува начинот на управување со возилото со
нагло намалување или зголемување на брзината на движењето и да го
стартува возилото постигнувајќи притоа горна граница над дозволениот број
вртежи на моторот односно пролизгување на погонските тркала, освен во
случај на непосредна опасност.
(2) Возачот кој е со намера значително да ја намали брзината на
движењето на возилото, е должен тоа да го стори, освен во случај на
непосредна опасност, на начин со кој нема да го загрозува или во поголема
мера да ги попречува другите возачи што се движат зад него, како и да ги
предупреди тие возачи за својата намера со вклучување на стоп-светлото или
со давање на соодветен знак со раката.
(3) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
(4) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставовот (2) на овој член.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Член 36
(1) Возачот не смее да го менува начинот на управување со возилото со
нагло намалување или зголемување на брзината на движењето...

Не, не ова е дебилизам до бескрај, како може да се утврди ова стварно не ми е јасно, ај за наго намалување, ќе видиш ќе се укопа у место колата, ама за нагло забрзување зашто така на џандарот му се слушнало е стварно дебилен начин како да те казнат. Ај еве би разбрал на пример ако ја бркаш 0 до 100ка и да ја цедиш, ама да тргнеш и малку побрзо да стигнеш до посакуваната брзина во рамките на ограничувањето... стварно не можам да го разберам дебилизмов, или пак мојов мозок не е наштелуван и испран на потребното ниво за вакви размислувања.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44961
  • Il Moderatore
Па Хамилтон у Аустралија пред некоја година малтене за исто го казнија  ;D Да, дебилно е, затоа е добро да се има кола што не рока а иде ко` звер! :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330


Ајде казна 45 евра...Скопје се гради народе, некој треба да ги покрива тие споменици...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
ЗАКОНОВ ВИ Е ЗА ЧКРИПКИ, нема везе со обично забрзување. Јасно е дека несмее да се чкрипи и шлајфува.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Да да. И јас приметив. Ова со забрзување е апсурдно. Поготово за кола со 1.4 мотор. Смешки! Јас од инат не би потпишал и адвокат би земал ако треба.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo


Ајде казна 45 евра...Скопје се гради народе, некој треба да ги покрива тие споменици...



Ај ок, нека се гради, барем да направеа некој супер модерен град, стаклени згради по 100-200 метра, ние го копираме Берлин...види бре на евровизија у Азербејџан какви градби и архитектура, ние затупивме со тоа „барок стил“


Него со казнава, ќе видам што можам понеделник, во секој случај не им плаќам

I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Берлин да го копираме ке беше добро..... далеку сме од него

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Ајде нека трошат пари, ама наместо за споменици нека направеа нов асвалт од куманово накај ск и другите влезни патишта низ Мк..а не вака испокршивме колите по тоа кратерите, а уште згора на тоа и се пишуваат казни за секакви глупости...Нека се инвестира во патна инфраструктура првин, а после што сакаат нека прават низ СК...Се знае што е приоритетен проект, а што е во второ лице нели? :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm


Него со казнава, ќе видам што можам понеделник, во секој случај не им плаќам



Чим потпишеш готово е,ќе си платиш. Или казнени е ти пишат, 25 бода :(

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Нека ти пишат казнени ако може, имам информација дека ќе ги укинуваат ...

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Зашто да ги укинуваат бе? Не им е исплатливо за ситници а? Сите сакаат поенчиња.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“