Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3884420 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15126
  • Пудингот на шоферството
Со околу 130км/х се удри...Глупача
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
„Ауди“ влета во бензинска пумпа кај Струмица



Утрово околу три часот по полноќ автомобил марка „ауди а4“ се заби во пумпите на бензинската станица „Лори кар“, на влезот во селото Колешино.

Со автомобилот управувал Ѓ.Т. (21) од селото Мокриево. Тој поминал без повреди, а причинета е само материјална штета.



Според првичните сознанија најверојатно возачот заспал по што ја изгубил контролата на управување и удрил во пумпата за точење на дизел гориво и во сталажа со шишиња полни со масло за возила. За среќа од ударот не избувнал пожар.

На лице место увид извршила полицијата и според првичните проценки причинета е материјална штета од 200 илјади денари.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10640
  • *** UNDERCOVER ***
Аиии, сеа што дешавки имало... сеа ги гледав клиповите...

Поголем дел од случните се случени, од невнимание и од беснеење...

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Многу лоша сообраќајка имаше накај драчево на бензинската РТ петрол мислам дека се вика, кај бујото. Голф 3ка вртел за да влезе на бензинска, а алфа 155ка го имаше мнооогу собрано од десната страна. партал беа и двете коли. По пат додека идев натака видов 2 коли со запалени 4ри жмигавци, свиреа и бледнираа и претицуваа све живо и диво, најверојатно ги носеле повредените, се надевам дека не е посериозно, иако многу језиво и лошо изгледаше на прв поглед.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Грешка е сега на децава да им се дава кола. Не знам кој татко на дете би му дал кола сега за матура? Како спие?

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Јас возев за мојата матура,ама капка алкохол не ставив во уста,си бев најтрезен,а помеѓу куп пијани средношколки тоа е добитна комбинација........Стариот без проблем ми ја даде колата,додуша не му ја ни побарав очекувано беше дека со неа ќе одам на матура,ама со ум во главата одев иако немав година откако положив, 19 години имав,дури првата година две ниту капка алкохол не пиев ако бев со кола испаднат.Но доста лудуев со ручни,макази,шкрипења и што уште не низ град.
На два три пати ме дочува господ од опасни ситуации по моја грешка и уште на два пати од туѓа грешка.
Но лоша комбинација е,средношколец и алкохол...
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Абе јас сега ми е страв да излезам да возам од што знам што има по улициве. На Илинденска цело време ги гледам што праат...

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Пикајте колите в гаражите,или по паркинзите но подалеку од улиците и движење пеш по улица строго забрането,нека помине овој викенд,чувајте се.....
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Грешка е сега на децава да им се дава кола. Не знам кој татко на дете би му дал кола сега за матура? Како спие?

Зависи на кои деца члинки. Не се сите багабонтажа и пијандури, па и чаламџии да покажат дека се ебачишта што им дал тато кола на матура. Има и такви што од потреба отишле со кола :)

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 541
Но многу ретки се деца кои нема да се начукаат и да се искурчат пред другари, а поготово пред пи*ки. Сеа баш стариот ми кажуваше пред некој ден матурант со позајмена 206 CC излетал на Водно, се пукнал у дрво и се превртел неколку пати. Среќа заврнало па го спуштиле кровот и не поминале со многу тешки повреди. А детето ни возачка, пијан камен и нормално еден куп пари да се среди колата.

Убаво кажа Члинк, не знам како им ги даваат колите, со кој памет. Секоја чест на исклучоците кои имаат огромна доверба во децата и на децата кои ќе ја испочитуваат таа доверба. Но пак ќе кажам, тие се многу ретки.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Абе може не им даваат кола. Ја на пример за матурска уредно го украдов стокецот на татко ми. Во моја одбрана, немав ни микрограм алкохол испиено (делкав кока кола цела вечер). И не, не се учукав никаде, ниту ме фати полиција дека возам без дозвола, а разнесов еден куп пичиња по дома: знаеа дека не пијам и сите сакаа јас да ги возам. :-)