Денес бев за нова возачка.
1. Отидов со најава во толку и толку саат. Демек поштен.
2. Гужва невидена.
3. Никаков ред, се буташ ко добиток.
4. Таман стигнав на ред, на дечкото му заврши смена во 14:30, и си отиде.
5. Напомена да одиме на другото место.
6. На другото место имаше 20 души што веќе си чекаа, прописно.
-Ептен брзав, и испаднав културен. Ама леле кога седнав после саат време, ми текна што сум направил. Кога ќе земев да го раскомандам... И ме искараа што сум се правел поштен и не сум се дерел како бивол. Така ми треба. Ука за следен пат. Идам и се дерам и се бутам - не бива иначе. Или да фатам врска нешто...