Хаха, не е филм настанот, не е ни филуван. Кога некој ти го раскажува ова изгледа како филм, ама кога ќе го доживуваш многу е поразлично, поготово тој делот кога многу луѓе трчаа и фрлаа со предмети по мене. После некое време слушавме приказни од ојле-дојле, како улетале двајца рекетари на СДСМ и ги нападнале мирните штрајковачи. А ние ниту сме биле некогаш, ниту сега сме партиски полтрони и активисти. Само се најдовме на погрешно место во погрешно време.
Инаку ако тој настан ти изгледа филмски, да ти раскажам што имам видено и доживеано во војска ќе ме пријавиш за режисер во Холивуд.
Успут, кога се фативте за автомобилските несреќи, ај и јас да споделам два грди моменти:
Пред година или две, едно попладне одам од Центар кај влада накај Аеродром, под стоковна куќа Мост. И наеднаш застана сообраќајот и луѓе почнаа да излегуваат од коли. Излегувам и јас, и што да видам. Еден Сузуки Свифт сплотен во бетонскиот столб помеѓу двете ленти, како што бубачките се лепат на шофершајбна при брзо возење. Вантре имаше дечко, кого луѓето се обидуваа да го извадат но беше залудно. Пошо не бев од корист си заминав. А на враќање по саат-два, имаше полиција, а лентата беше затворена. Дознав дека детето загинало на лице место и имало само 20 години...