Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3920627 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
@Ogi, запиша ли бар некаква информација за таксистот ?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Ќе заврши работа Оги ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
@cuore imam broj od taksistot i ime, zapisnikot go popolnivme vo osiguritelnata kompanija on tamu si prizna deka e kriv i taka go popolnivme evropskiot zapisnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55248
  • Махер

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18040
Ти го сликаше? Каде? Да не беше на британски таблици случајно?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55248
  • Махер
Ти го сликаше? Каде? Да не беше на британски таблици случајно?
После злокуќани патот... Босански таблици.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18040
Ух добро е, имам еден познаник со вакво на британски таблици, ич не пази како го вози. Ништо чудно и тој да беше...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15127
  • Пудингот на шоферството
Мене не ми личи дека тука е сликано
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55248
  • Махер
Не е од тука сликата. ;D ;D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Не се толку среќни банкините кај нас ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18040

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Не знаев каде да го ставам ова па тука го постирав.

Возачите што ќе удрат во крава сами ќе си ја платат штетата

Министерството за транспорт и врски предлага измени и дополнување во Законот за јавни патишта

Возачите што ќе удрат во животни што се шетаат по јавните патишта - самите се виновни и нема да може да бараат отштета од претпријатието задолжено за одржување на јавните патишта и улици. Ова е предлогот на Министерството за транспорт и врски што вчера предизвика полемика во Собраниската комисија за транспорт, врски и екологија. Заменик-министерот за транспорт и врски, Тахир Хани, предлага државата и правното лице надлежно за одржување на јавните патишта и улици да не одговараат за штетата што ќе им биде причинета на корисниците на јавните патишта и улици, поради удар со возилото во животни или за штетата на возилото предизвикана од незгода поради неприспособена брзина на условите на патот.

Членовите на Комисијата од опозицискиот СДСМ сметаат дека целта е да се ослободи од одговорност ЈП „Македонија пат“, а се оштетуваат граѓаните и покрај тоа што плаќаат за одржување на патиштата.

„Тоа значи дека ако возите во согласност со условите на пат и сообраќајните знаци и ви излезе некое животно пред автомобилот, тој што управува со патот не одговара за штетата. Тоа е недозволиво“, рече Благоја Стојановски од СДСМ.

Според него, со измените „Македонија пат“ ќе нема поттик да ги санира патиштата и ќе се наруши нивната безбедност. Јани Макрадули оцени дека законот е штетен за граѓаните и доказ дека државата нема пари да ги исплати побарувањата по основ на штети кон „Македонија пат“.

„Секој граѓанин кој не по своја вина ќе си го оштети возилото, сам ќе си ја наплаќа штетата, а од друга страна Агенцијата за државни патишта ангажира за 1,4 милиони евра консултант за автопатот Демир Капија - Смоквица. Со тие пари може да се направат многу заштитни огради на патиштата“, истакна Макрадули.

Пратениците од владејачкото мнозинство негираат дека намерата со предложениот закон е изземање на одговорноста на „Македонија пат“, бидејќи, според нив, во законот немало одредба според која граѓанинот сам ќе ја покрие штетата ако таа настане поради несаниран пат.

„Праксата граѓанинот сам да си ја покрие штетата при удар во возилото од животно или поради неприспособена брзина, ја има во другите држави“, укажа Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата недела, 37-годишна скопјанка загина откако автомобилот во кој се возеше, удри во крава на автопатот Велес - Скопје. Граѓаните укажуваат дека често налетуваат на стада овци, крави, па дури и на коњи, па при брзина нормална за автопатиштата, нивните животи се доведени во опасност. Возачите негодуваат бидејќи ниту уредно платената патарина не ги спречува од блиска средба со животни. Надлежните признаваат оти автопатиштата не се доволно заградени, а и несовесни жители на околните села го зголемуваат проблемот со тоа што ја крадат мрежата. (Г.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=06000637B5ABB448AB5D83A25DC7C8A4
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Ееее ѓубриња!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9525
види, се се враќа во животот и се врти кругот така да овие копуци што донесоа закон за ова а меѓу другото недај боже да се изгуби живот кој е бесценет, ке ги видам кога ке дојдат во оваа ситуација а ке дојдат ке видиш

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Не е донесен законот, сега за сега.

Иначе по идиотска работа од ова не сум видел. Врска немаат што, како и каде, за жал.

А баш ме интересира каде тоа ако ти излезе куче на автопат за кој што плаќаме патарина сами си одговараме за штетата.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.