Кај 4 попладне си идев од Скопје. После Скопска патарина за на кај Велес, на местото каде се приклучуваш на автопат кај што стално има кокошки на патот, ме претицува црно Порше Кајен со дипломатски таблички. Не возеше многу побрзо од мене ама ја исече лентата пред да почне испрекинатата каде веќе можеш да се приклучуваш и паралелно со мене вози едно 20 метра, за да после салам нагази и таман премина на десната лента, од десна страна од кај куќите само видов како излета едно кучиште и се слушна само... бупппп!!!
Закочи нагло едвај успеав да го избегнам пошто беше извртен и на среде пат.
Застанав понатаму се вратив викам нешто да не треба помош, само ми рече тој шоферот....Everything is OK, please go!
Од кај беа, шо беа, кој беа не успеав да разберам? Rегистрацијата беше црна ќумур па предпоставувам дека беше дипломатско возило.
Кучето....салама напраено а Поршето не беше баш нешто многу оштетено колку што успеав да забележам за кратко.
Ако не ме претицаше можно беше ја да се учукам у кучиштето.
Мислам дека поопасно место од тоа на автопат Скопје - Велес не постои и никој ништо не превзема.