Мојата професија не е возење, не сум доставувач, ниту комерцијалист.
И често си возам и приватно со луге што сум ги запознал и сум се здружил од сите градови во државава.
Јас само споделувам мислење, да ме нервира кога некој ми води инат, ама не до таа мера да го престигнувам по секоја цена, туку само онаму каде што има доволно безбедна прегледност, макар било и на полна линија бидејки нашите патишта онака како што се обележани, обележувани се сигурно од луге со IQ -100.
Ако сакаш и факти, бујрум со мене да те однесам по кривулестите патишта накај Каменица и Делчево каде што на 100 метри правец и ширина на пат едвај 6 метри имаш дозволено престигнувања, а на 1.2 км пушка правец Градско-Прилеп со ширина 13 метри имаш полна линија.
И истиот тој кривулест пат Каменица-Делчево со ширина на лента едвај 2.5 метри е 70 ограничен, како квази Автопатот Катланово-Велес кој исто така е 70 ограничен и опнато камера да те мерат колку возиш, а лентите се пошироки од тие накај Делчево и севернава држава го смета за автопат.
Не реков дека си возач или доставувач, но од она што можам да забележам, возиш често службено. Можеби си регионален менаџер, можеби имаш сопствена фирма која работи низ целата држава итн итн. Не си земам слобода за претпоставка.
Но, веројатно возиш често и те нервираат доста ситници кои се должат едноставно на онаа “1000 луѓе 1000 чуда”. Не е можно сите учесници во сообраќајот да се однесуваат ко роботи на кои ќе им инсталираме софтвер према наши преференци.
Ќе дадам пример, возам 130-140 на автопат едно 80% од времето, у меѓувреме ќе зазборам со некој у кола и ќе намалам на 110 бидејќи ми се губи фокусот. Потоа ќе ме поминат сите оние кои возат 120 и кои сум ги претицал со 130. Дали тоа значи дека јас намерно им го правам тоа за и тие да возат 110 откога сум ги претицал?
Или втор пример, ќе ми се исповрати детето на укључување на автопат зошто мајка му решила дека е одлична идеја да му даде сок од јаболко после чоколадното млеко и 7 days кроасанот. Дали тоа значи дека го мрзам доставувачот со комбе позади мене, и сакам да вози 40, или значи дека ја глеам да не се фукнам у банкина додека има водопад позади мене?
Мислам дај малце реалност. Милион варијабли има у секојдневието, возењето итн. Многу брзо носење заклучоци никогаш не е добра идеја.
Нема никаков проблем се додека не возиш на таков начин да бидеш педагог кон другите.
Можеби ти не возиш така, ама муабетот се однесува на оние што така возат.
Возиш по автопат 100 км/ч во лева лента, а десната е слободна ?
Ајде во ред, ама позади наидува возило, културно еднаш блицнува, наместо фино да се престроиш, одлучуваш да бидеш идиот, да закочуваш или упорно да не се тргаш ?
Зошто, која е целата поента на таквото возење ?
Или возиш по експресен пат со 90-100. И немам проблем јас ни со тебе или со некој што одлучил толку да вози, туку со муабетот што ме мене гајле ти свири блицај, јас со левите тркала точно на средина ке бидам.
Камиони колку се тргаат по експресните патишта и секогаш им се заблагодарувам со 4 жмигавци бидејки тој знае дека со 90 км/ч на експресен пат со голема ширина ке прави колони ако вози со тезата, ја сум газда на патот, ја возам 90, сите ке возите 90.
Тоа е целата поента, завршуваш со престигнување или си го тераш темпото, ама да не бидеш кочничар.
Возам воглавном 130-150 по автопатите и 130-140 по експресните, но никогаш не одлучувам некој што вози достапобрзо од мене, намерно да му одам накај средна лента, напротив си се тргам подесно, отпуштам малку гас, ке ми падне брзината од 140 на 130, ке ме одмине, јас ке си додадам одма гас, јас си терам 140, тој нека си тера 200,
Никаква нервоза, ниту свирења.
Тоа треба да се сфати, еве со сејф сити истото е во мода, возење паралелно со 35, човек блицка позади.
Па забрзај до 50, престрој се десно, вози пак 35.
На излез на Скопје 3 ленти се, веке кога одлучиле да се влечат со 40, барем нека одат во најдесната лента, а не најлевата.
Тоа ми е најголемиот дебилизам во сообракајот таму, крајна десна никој не ја користи, и кочат сообракај во најлева лента.
Ако се вратиме и на моите постови во почетоците кога бев член, и јас ги имав тие ставови дека сум дежурен полицаец на патот и дека мора по секоја цена сите да возат строго онака закон како што пишува, ама кога ке се соочиш со реалноста и ке сфатиш дека подобро е кога си културен и никому не сметаш, отколку секому да му бидам педагог.
Ја ти кажувам, имам се и сешто видено по патиштата, и верувај ми, ситуации до таа мера, кај нас не успорува во колона, иде скрос до средина, а зошто ? Бидејки од спротива некој престигал, и што, демек ако му идеме према него ке го научиме нешто паметно ?
Напротив, свесно ке загинеш заради его и инат.
Мислам дека се разбираме, револтот е кога одлучуваш да водиш инат, а не што возиш 80-90.