Сабајле имав интересна дешавка, се спуштаме со колега низ едно мини ридче, ама целото да ми ти биде замрзнато, и на крајот од ридчето легнат полицаец, о од спротивна страна ни наидува Хамер H2 ...
Пошто овој прво не го виде ледот, не го видов ни ја, black ice работа, и зеде да си кочи, ко што е ред ....
Откако увидов дека сме на лед и ни бега задниот дел од Тојотата, почнав на Македонски(?) да му викам да ја пушти кочницата, он цел изгубен, и рачна крена, скоро во извртување го поминавме полицаецот, се разминавме со Хамерот кој кога виде дека се лизгаме се тргна скроз настрана и застанавме некако подоле свртени 180 степени...
Море, му викам, зар никад не си возел по замрзнато? У истиот момент ми светна дека цел живот живее на Хаваи, и никад нема снег видено ...
Му се извинив, и му реков дека утре јас возам ...
