Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3919785 пати)

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
da se razbereme toa ne e kaj nas, a i sigurno nemaat site, izglea odi spored premijata i paketot na osiguruvanje...seto toa se pravi za da se izbegne akcijata  BRISAC :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34467
  • Таков е животот... јебига
Претркување на пуна линија

Камионот го спаси овој што снимаше, иначе сигурно гинеше.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Сега заприметив дека на првиот клип, лада ли што беше, толку силно стисна на кочница да задниот дел се дигна во воздух. Негде околу 7 секунда.

Претркување на пуна линија

Камионот го спаси овој што снимаше, иначе сигурно гинеше.

Го спаси ама кидна. Многу клипчиња иам гледано каде шлеперџии бегаат од место на настан.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Двајца загинати и четворица повредени во тешка сообраќајка кај Злокуќани.

Најмалку двајца загинати и неколкумина се повредени во катастрофлана сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случи во близина на населбата Злокуќани во Скопје.
 
Несреќата се случила во 23,20 часот на раскрсницата меѓу улицата Скупи и локалниот пат што води кон селото Бардовци, кога засега од непознати причини дошло до директен судир меѓу два автомобили “шевролет спарк“ и “опел вектра“ со скопски таблички.

Според очевидци на несреќата, најмалку две лица загинале, а неколкумина се повредени. Еден од автомобилот речиси бил уништен поради што екипа од пожарникари морале да сечат делови од автомобилот за да можат да ги извлечат жртвите и повредените.

Од полицијата информираат дека во трагичната несреќа има двајца загинати од “шевролет“- от. Дваесет и осумгодишниот скопјанец Рефедин Шаќири и Идаете Незировиќ (25) од Радуша поради сериозни повреди починале на самото место на несреќата. Додека возачот на “опел“- от А.Е. (44) и неговиот сопатник С.П. (42) се повредени и пренесени во Градската болница “Св. Наум Охридски“. Дваесет и седумгодишна девојка Ј.Ф., сопатничка во “шевролет“-от поради тешки повреди е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Возачот на “шевролет“-от триесет и петгодишниот Е.Д. е хоспитализиран во Градската болница “8-ми Септември“.

http://tocka.com.mk/index12.php?ID=57323
« Последно менување: 23 Декември 2011, 10:22:08 am AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55248
  • Махер
Спарк... Погинале двајца. Зашто не се чудам...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Директен судир, силата на ударот е иста и за Вектрата и за Спаркот. Ама Спарк е лесна и тесна небезбедна лименка, а Вектра е безбедна лимузина. Затоа има и 2-ца мртви и 2-ца тешко повредени во лименката, и двајца полесно повредени во лимузината.

SaleSK еднаш даде најдобра реплика за Спарк како одговор на коментар на Фаланга:
Јас ќе земам уште еден Спарк ваков ист за мене, а мојот ќе и го дадам на жената пошто е со серво и клима.

Кога ке решам да се отарасам од жената, а потоа и јас да си го одземам животот, а се тоа да биде регуларно, а не од типот убиство со умисла па самоубиство, ке го направам ова баш Фаланга што го напиша...
:D
:D
:D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Тоа што е лесна е позитивна работа,бидејќи тело со што помала маса при движење има помала кинетичка енергија, но во овој случај другото возило  е со поголема маса а и побезбедно,со подобра апсорбирачка моќност.Многу бе сообраќајки со смртни случаеви има во Скопје,во градот.50 КМ/Ч е дозволената брзина,така или имаме исклучок???
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Хм, во право си, подобро да е лесно бидејќи има никакви димензии и нема простор за апсорбција на ударот. Но ако е лесно и цврсто тогаш од ударот ќе одлета/ќе се стумба во друга насока, а самиот удар ќе го искусат патниците. Ако е тешко ќе се апсорбира ударот, а бидејќи нема предница и слично каде би се апсорбирал, тоа значи дека ќе се апсорбира во патниците.

Како и да е, Спарк е небезбедно возило, а исходите од ваквите случувања се доказ за тоа.

Едно мое искуство од неодамна беше смешно. Не со спарк туку со Матиз, т.е. постариот Спарк кој има помалку цврстина од напред во споредба овој во случајов. На раскрсница едно коковче ме фукна од зади во браникот на мојата Мазда 6. Браникот беше вдлабнат и изгребан, а за пола саат вдлабнатото се исправи во првобитна состојба како никогаш да не е удрено, а останаа само гребаниците. Матизот беше направен партал: свиткана хауба, скршена маска напред, свиткан браник, свиткано крило, скршени држачи на фар, фар нагнетен навнатре. Кога го видов Матизот си помислив дека и кај мене ќе видам слично партали од зади, ама кога видов дека само браникот ми е вдлабнат на сета нервоза ми идеше да се насмеам гласно. Брзината на ударот не беше повеќе од 20км/ч. Можам да замислам што ќе се случеше ако госпојцата ми се закопаше во задница со 50км/ч, сигурно ќе беше хит во Црна Хроника.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Директен судир, силата на ударот е иста и за Вектрата и за Спаркот. Ама Спарк е лесна и тесна небезбедна лименка, а Вектра е безбедна лимузина. Затоа има и 2-ца мртви и 2-ца тешко повредени во лименката, и двајца полесно повредени во лимузината.

SaleSK еднаш даде најдобра реплика за Спарк како одговор на коментар на Фаланга:
Јас ќе земам уште еден Спарк ваков ист за мене, а мојот ќе и го дадам на жената пошто е со серво и клима.

Кога ке решам да се отарасам од жената, а потоа и јас да си го одземам животот, а се тоа да биде регуларно, а не од типот убиство со умисла па самоубиство, ке го направам ова баш Фаланга што го напиша...
:D
:D
:D

Тоа што е лесна е позитивна работа,бидејќи тело со што помала маса при движење има помала кинетичка енергија, но во овој случај другото возило  е со поголема маса а и побезбедно,со подобра апсорбирачка моќност.Многу бе сообраќајки со смртни случаеви има во Скопје,во градот.50 КМ/Ч е дозволената брзина,така или имаме исклучок???

Ако некој вози 50 км/ч во Скопје, ќе биди најисвирканиот и најпцуениот возач во градот. А паралела на ова во Бт, 55 км/ч е веќе пребрзо.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Ако некој вози 50 км/ч во Скопје, ќе биди најисвирканиот и најпцуениот возач во градот. А паралела на ова во Бт, 55 км/ч е веќе пребрзо.

Што бара да вози 50 со кола? Си има точак за толку мали брзини! ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15127
  • Пудингот на шоферството
50км/х е пребрзо за на Баир,за на друго место е средна брзина  ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Ај ај, драпај те се, пола Битолчани возат со 45 км/ч , ко ќе возам позади некој таков, ми иди да се мавнам во воланот. Еднаш еден така возеше од болницата, по партизанска до север југ. 40 возеше, на моменти 35. Линеа бела, не такси. И му свирев на секој 20м и му блиндирав. И едно време се накурчи забрза и застана и ме гледаше кој сум и нешто мафташе. ;D ;D ;D ;D

Абе незнам зошто на сите му се дозволува да возат коли....

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9525
епа ако нека возат и 100че па вака ке се кршат со колите, зошто 60 да се возело кога може поише

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Ај ај, драпај те се, пола Битолчани возат со 45 км/ч , ко ќе возам позади некој таков, ми иди да се мавнам во воланот. Еднаш еден така возеше од болницата, по партизанска до север југ. 40 возеше, на моменти 35. Линеа бела, не такси. И му свирев на секој 20м и му блиндирав. И едно време се накурчи забрза и застана и ме гледаше кој сум и нешто мафташе. ;D ;D ;D ;D

Абе незнам зошто на сите му се дозволува да возат коли....

Кој колку сака нека возе,само едно нека има на ум,ако му испадне нешто,или ако изгубе контрола нека се начука  во дрво,зид или слично,да не гине некој невин.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55248
  • Махер
Ај ај, драпај те се, пола Битолчани возат со 45 км/ч , ко ќе возам позади некој таков, ми иди да се мавнам во воланот. Еднаш еден така возеше од болницата, по партизанска до север југ. 40 возеше, на моменти 35. Линеа бела, не такси. И му свирев на секој 20м и му блиндирав. И едно време се накурчи забрза и застана и ме гледаше кој сум и нешто мафташе. ;D ;D ;D ;D

Абе незнам зошто на сите му се дозволува да возат коли....

Кој колку сака нека возе,само едно нека има на ум,ако му испадне нешто,или ако изгубе контрола нека се начука  во дрво,зид или слично,да не гине некој невин.
Да можеше да вози кој колку сака верувај ќе бев многу среќен човек. Но, секако, тоа не е случај. Само ние како слепци стоиме на едно ниво, како угнетени ретарди. Види ги Бугарине дозволена брзина им беше 120 на автопат, пред некоја година 130 дозволија. Сега 140 е дозволено. ОДАТ НАПРЕД, ние одиме у гз да се напикаме. Автопат не сме чуле, камо ли да направиме.