Хм, во право си, подобро да е лесно бидејќи има никакви димензии и нема простор за апсорбција на ударот. Но ако е лесно и цврсто тогаш од ударот ќе одлета/ќе се стумба во друга насока, а самиот удар ќе го искусат патниците. Ако е тешко ќе се апсорбира ударот, а бидејќи нема предница и слично каде би се апсорбирал, тоа значи дека ќе се апсорбира во патниците.
Како и да е, Спарк е небезбедно возило, а исходите од ваквите случувања се доказ за тоа.
Едно мое искуство од неодамна беше смешно. Не со спарк туку со Матиз, т.е. постариот Спарк кој има помалку цврстина од напред во споредба овој во случајов. На раскрсница едно коковче ме фукна од зади во браникот на мојата Мазда 6. Браникот беше вдлабнат и изгребан, а за пола саат вдлабнатото се исправи во првобитна состојба како никогаш да не е удрено, а останаа само гребаниците. Матизот беше направен партал: свиткана хауба, скршена маска напред, свиткан браник, свиткано крило, скршени држачи на фар, фар нагнетен навнатре. Кога го видов Матизот си помислив дека и кај мене ќе видам слично партали од зади, ама кога видов дека само браникот ми е вдлабнат на сета нервоза ми идеше да се насмеам гласно. Брзината на ударот не беше повеќе од 20км/ч. Можам да замислам што ќе се случеше ако госпојцата ми се закопаше во задница со 50км/ч, сигурно ќе беше хит во Црна Хроника.