Операцијата „Бришач“ збриша 57 лица за местење сообраќајки
14.12.2011 - 11:10 | Македонија
Операцијата Бришач збриша 57 лица за местење сообраќајќи. 17 од нив се полицајци вработени во Увидната полиција, која прва пристига на местата на сообраќајните несреќи.
Во полициската акција утринава приведени се 29 лица, по 2 сеуште се трага, а останатите биле повикани сами да се појават пред Истражен судија.
Меѓу осомничените нема ниту адвокати, ниту лекари ниту пак агенти на осигурителните компании.
Попладнево сите привдени беа донесени воКривичниот Суд. Пред истражниот судија ќе треба да се изјаснат за пријавата која ги товари за злоупотреба на положбата , фалсификување исправи, измама и осигурителна измама.

Полицијата ги следела повеќе од 3,5 години во периодот од 2007 до март годинава. Ангажирано било и Бирото за судски вештачења кое утврдило најмалку 13 лажни сообраќајни несреќи. Преку нив, осмоничените извлекле над 2 милиони денари од осигурителните компании.
Од полицијата велат дека ова е прва фаза од акцијата. Во неа сите уапсени се од главниот град, но не се исклучува можноста таа дса се прошири и низ другите градови.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/operacijata-„brishach“-zbrisha-57-lica-za-mestenje-soobrakajki