Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3414731 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Лево е пократко, иако треба од две насоки да гледаш дали иди возило. Неколку пати десно ако свртиш, си глуп.
Па десно неколку пати,значи се вртиш во круг,шо би дошло дека си глуп како шо кажа. ;D
При дозволено вртење лево,не гледам причина да не свртам.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Рутите се долги, дури и пример дадов. Рута не е раскрсница. Од едно до друго место може да се стига по 5, по 20, по 10000 различни рути.
Ете ти го примерот со Ситимол како наједноставен можен за "невртење во круг". Мислам... Малце да вклучиме логика, немора се сервирано на тацна.

Е сега слично може и за други рути. Уствари не е ни битно, очигледно нема разбирачка со инает и правење паметен.

Страшно.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Зошто инает и правење паметен?Или секое несогласување со нечие мислење е терање инает?Зошто на било кој одредена рута би одбегнувал да вртам лево,дури ете и во навигација да го имало како опција.Зошто да правам рута од 20км кога можам за 10км?
Светот нема слушнато сеуште за карклуберските експерти за сообраќај.
Потресително.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Зошто инает и правење паметен?Или секое несогласување со нечие мислење е терање инает?Зошто на било кој одредена рута би одбегнувал да вртам лево,дури ете и во навигација да го имало како опција.Зошто да правам рута од 20км кога можам за 10км?
Светот нема слушнато сеуште за карклуберските експерти за сообраќај.
Потресително.
Затоа што ти дадов и конкретен пример каде растојанието е скоро исто. Е затоа. За тој инает и правење паметен зборувам. Не дека очекувам да се смени нешто, таман работа. Знам дека до 101 ќе си го браниш инаетот. Не е ни битно. Терај си лево. Поентата е дека за филозофии и ругање одма, а ни секунда не се ни потруди да сфатиш за што воопшто зборувам. Со примери со се. Си врза во крпче 10км и 20км десно и тоа е тоа. А ако е 10км и 10км? Или 9минути наспрема 11 минути?

Батали. Нема да сфатиш, не се вреѓај за џабе.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Лево е пократко, иако треба од две насоки да гледаш дали иди возило. Неколку пати десно ако свртиш, си глуп.
Па десно неколку пати,значи се вртиш во круг,шо би дошло дека си глуп како шо кажа. ;D
При дозволено вртење лево,не гледам причина да не свртам.
Пократко е, но во примерот кај Румунска се ствараат колони до влезот за пациенти, бидејки првиот не може да се вклучи влево и дреме 10 минути, а секоја кола позади него помножено со толку време, па свирење, па излегол и ја блокирал лентата кон Илинденска, па нервози...за на крај да излезе подолго време во место и трошела колата, па ќе троши у место.

Од друга страна десните вртења немаат ни семафор, дирекно се вклучуваш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Абе проблемот е вие шо прајте муабет за одредени места за во Скопје.Јас ви зборувам општо за цел свет.А за таму кај шо вие сега зборувате ако сообраќајот е безвезно решен или не ви се чека вртете си од кај сакате.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Не сум го возел цел свет, но во неколку земји властите увиделе дека имаат работа со стадо па забраниле вртење влево на одредени улици/булевари, во Скопје Климент Охридски, во Белград Кнез Милош, во Париз Шанзелизе, и уште повеќе градови што не ми текнуваат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Не сум го возел цел свет, но во неколку земји властите увиделе дека имаат работа со стадо па забраниле вртење влево на одредени улици/булевари, во Скопје Климент Охридски, во Белград Кнез Милош, во Париз Шанзелизе, и уште повеќе градови што не ми текнуваат.
Муабетот е за секаде, а не за во Скопје. УПС е во Америка па декади рутите им се со минимално лево вртење. Згора на се е и многу очигледно, лево прави застој на улици, има семафори и што се не. Десно нема.

Две десни се многу побрзи од две леви вртења во просек.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Ова со УПС ми е најврв од цел муабет.Дали некој има видено на терен кој како врши достава или собира пратки.
Или прочитал бекој некаде на нет дека УПС "работи на тој принцип",па срга го прикажува како пример.Битно од инает збораме.

Цитат
Не сум го возел цел свет, но во неколку земји властите увиделе дека имаат работа со стадо па забраниле вртење влево на одредени улици/булевари, во Скопје Климент Охридски, во Белград Кнез Милош, во Париз Шанзелизе, и уште повеќе градови што не ми текнуваат.
Јас предходно го пишав истото ама тогаш не беше тоа муабетот...Небитно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8001
  • Плинаш!!!
Колку пати ти вика да вртиш на одредено место, а гледаш нива ;D
Како јас што заглавив у центар на Битола, на прв кружен се право, од кај лукоил тој влез, по тесни улици и коли паркирани од две страни, ја закачив и од доле успут дека е ниска.

А шо убаво си имало пат од околу, на прв кружен десно, па лево доле на другиот и пак лево и на широк сокак си.

Ама за се има прв пат, и наравоучение не и верувај слепо на навигација или гугле мапс.  ;D
Гугал мапс е тешко срање од навигација. Пред некој ден ме изака низ круг низ некоја фабрика, а тоа да си имало убав пат од околу. Иако знаев ама се зезнав што му верував на гугал.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
До сега Гоогле мапс не ми направиле ама никогаш утка. 100% точно ме носеле секаде секогаш. Втора мапа што исто не ме изневерила е Here Maps, може во меѓу време смениле име, обично во странство по одмори со таа одев исто без грешка. Затоа Том Том што ја имам во кола, неколку пати ја тестирав, ако одев слепо по мапата одамна ќе бевме поздравени :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Гугле мапс е ок за со кола(барем низ Европа) знае некогаш по некои безвезни патчиња да те "носи" ама затоа ти одлучуваш дали ќе одиш од таму или не.

На работа користиме Том Том,поврзани со Џпс сателитски,местиш профил на возило и немаш гајле.
Старата верзија шо ја имав беше од 2006-7 немаше промашено никогаш,никаде.
Новата верзија и новата навигација исто нема промашено,ама знае да те "носи" по безвезни улици и патчиња.Нема забрана и ниски мостови,ама сепак знаеш дека не ти е таму местото и си возиш по твое,па таа ќе се "оправи".
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
@Deni вртења на лево (безбедносен проблем, подолго време и слично...), некои апликации сигурно го имаат како избор, пример Waze има избор за "avoid difficult junctions - избегнување тешки раскрсници" - што е стварно корисно, нешто што често го правам.
Но Google maps тоа го решава на друг начин. Дали одредено место е проблематично за вртење пресметува врз база на времето што е потребно тоа да се помине во одредено време од денот врз база на релниот сообраќај на тоа место. Според мене тоа е подобра опција отколку да избегнува само вртење во лево. Не секогаш релација од десно е подобар избор.

Еве конкретно пример базиран врз твојата релација, едната е пресметана врз база на моменталниот сообраќај, другата е за 2 дена, базирана врз претпоставка за сообраќај.
Во два различни периоди има два различни предлози за рута.
Првиот пат е подобра рутата со вртење само на лево, вториот пат е подобра рутата со вртење само на десно.

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
@Deni вртења на лево (безбедносен проблем, подолго време и слично...), некои апликации сигурно го имаат како избор, пример Waze има избор за "avoid difficult junctions - избегнување тешки раскрсници" - што е стварно корисно, нешто што често го правам.
Но Google maps тоа го решава на друг начин. Дали одредено место е проблематично за вртење пресметува врз база на времето што е потребно тоа да се помине во одредено време од денот врз база на релниот сообраќај на тоа место. Според мене тоа е подобра опција отколку да избегнува само вртење во лево. Не секогаш релација од десно е подобар избор.

Еве конкретно пример базиран врз твојата релација, едната е пресметана врз база на моменталниот сообраќај, другата е за 2 дена, базирана врз претпоставка за сообраќај.
Во два различни периоди има два различни предлози за рута.
Првиот пат е подобра рутата со вртење само на лево, вториот пат е подобра рутата со вртење само на десно.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Точно така. Во случајот рутата со десно е ред величини попријатна за возачот. Возачко искуство е многу поголемо, згора помалку сечења ленти и потенцијални незгоди.