Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3419927 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Често го возам тој булевар, дали 2 пати сум видел полиција. Нека има патроли, нека казнуваат, ќе им дојде памет на сите.


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Често го возам тој булевар, дали 2 пати сум видел полиција. Нека има патроли, нека казнуваат, ќе им дојде памет на сите.

Има често полиција, стојат баш на раскрсницата кај Градина за да ловат во правец кон Пинтија што возат, а за обратно, стојат веднаш после тој мостот, пред пругите, имаат еден орев и под него се стационираат.

Стојат често, ама марфиев закон, тогаш ги нема дебиливе што ги прават овие прекршоци.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Џабе полиција...
Сум возел сабајле меѓу 6 и 8 неколку пати, од Марков Манастир до Кисела Вода.
Целиот тој дел од Драчево до Цементара е "Нурбургринг гомна да јаде"
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Тој е еден од ретките булевари каде што сум се почуствувал небезбедно кога сум возел со кола. Обично во град возам според ограничување +10тина км/ч ако дозволуваат условите, а овде како на сите да му сметам. Кој преку 2 полни, кој блиндира, поминуваат на црвено. Хаос!

Овие сите од исто село, гарант или се тркале или биле под гас од некоја прослава...

Лошо е што некој ни крив ни должен може да го окрка во вакви ситуации.

Ама не, џандариве поубаво им е да застанат со радар на автопат под некоја сенка и да си имаат чиста казна без замарање. Низ град само коњи за парада знаат да изиграваат.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Јас често одам во таа пералната таму. Често пати има патрола. Ама проблемот е што доста се силат после патролата, као демек чекаат да видат дали има патрола и ако нема, полн гас и се јачаат до стеснувањето на патот.


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
И јас често ги напаѓам џандарите, ама во случајов навистина не гледам чаре во повеќе патроли.
Ќе треба голем капацитет да се посвети само за тој булевар.

Впрочем, булеварот за убаво бил направен, а богами и супер функционира за да нема гужви.
Арно ама, стока си е стока... затоа не можеме да имаме убави работи.
Министерство за транс, поп и виски.


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Затвор 2-3 год макс и толку ке биде. За вакви бесилка на плоштад.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
По Борис Трајковски, пред Тинекс, застанувам на црвен семафор, двајца зад мене се тркаа, двајцата заминаа во двете спротивни ленти, паралелно...
Колку треба да немаш 2 грама мозок да го направиш тоа...
За овие само доживотен затвор, а кога ќе излезат од таму, на бесилка после...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Па преживеа, други загинаа.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Таа со пунтото не ја приметив дека пунтото и е толку оштетено. А стоеше на страна и неколку души ја удираа по лице за да се освести. Беше во полусвесна состојба и знам на брзата помош и кажуваа дека не е целосно свесна и дека и се лоши.
Акцентот беше на самиот семафор точно на двете полни линии, левата страна удрена, испукани јастуци.

Мерцедесот 124ка заедно со шаранот и останатите возила беа 100-150 метри подоле од овие две возила

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Сите овие 50 возеле сигурно, неубаво ни криви ни должни загинале некои.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Да беа врзани, можи ќе преживеаа, не знам дали беа, ама на 50 години ретко некој да имам видено врзан.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Глеј да не биде, кажи бог да чуве!  :)