Абе јас се согласувам и на плаќање повисоки даноци за загадување... АМА (намерно со големи букви)

... ама следново:
- наместо слепо да одат по класи/години, надлежните да мерат на секоја кола поединечно (а мерат секако) и врз основа на измерен ппм на издув да се одредува висината на данокот, пошто има ситуации каде ауто постаро од дваесет и кусур години има зачуван мотор и загадува помалку од релативно нови ама продувани аута
- да плаќа соодветно и индустријата, заедно и големите фирми што загадуваат и помалите погончиња, на пример ако еден оџак загадува колку 100.000 аута нека плаќа колку 100.000 аута
- и последно ама веројатно најважно, да плаќаат и сопствениците на ќумбиња (некаде пишуваа дека оџак од ќумбе на дрва загадува колку 10.000 аута)
Така може да зборуваме за загадување на воздух.
И на крај тоа погоре е спореден и релативно небитен момент во однос на моментот со безбедноста во сообраќај.
Не заборавај дека ти посочуваш на загадување, иако ти се зборува за класа аута кои директно убиваат луѓе. Со газење, со удирање, со гмечење, и со создавање непрегледност и општа небезбедност.
Кога би морал да одбереш, скраја да е ама ете чисто теоретски: Кога би морал да одбереш, дали ти би одбрал малку чад од ТДИ мотор, или па газење од Х6/рандом СУВ?

Патем, ако СУВ-овите ги спомнуваш во контекст на почист воздух и екологија - ептен си го утнал контекстот.
https://www.forbes.com/sites/davidrvetter/2020/08/04/just-how-polluting-is-your-suv-this-new-campaign-might-shock-you/