Не знам дали сум само јас, дали годините си го прават своето

, ама откако ја купив колава и почнав да ја средувам по мој вкус т.е се замарам да изгледа и внатрешно и надворешно како што сакам (сервиси, барам знакчиња што фалат, сијалички, капачки, секакви дрангулии) - некако многу попретпазливо возам.
И тоа не ја пазам затоа што е нова во мој посед, туку затоа што сакам да вози како што треба и да изгледа по мој вкус, а ризичното возење многукратно го намалува тоа.
Слично мислење имав и кога ја имав претходната кола, само дека беше многу постара, па не се замарав толку козметички. Како ја одржував механички и начинот на возење секако си го пазев.