Не е баш балага кривината, прилично долга е и од мое видување премногу исправени влегоа во истата со несоодветна брзина.
Првиот направи многу голема грешка, прикочи во кривина и моторот му се исправи ако приметиш втора грешка што ја прави е проба да го избалансира/повлече со ногата спуштена, што уште толку ја отежнува цела работа... Во ваква ситуација се бутка моторот што можеш подоле уште толку и се додава гас... + ако има присуство на синдромот на десна страна кај возачот уште толку по критично е. ( Многу моторџии имаат проблем свиоците на лево можат без проблем да ги легнуваат лефтерно, а на десна страна имаат страв/несигурност)...
Слична случка ми се има случено пред 2 години на водно, многу лоша ситуација е, и во момент на паника најчесто правиш грешка... Се надевам дека се живи овие..