1. Црепот што вози 200+ е помалку виновен во целиот овој лош филм што се случи пред некој ден. Секој од нас има претерано со брзината во одреден период и на одредна делница. Никој не е монах позади волан, да не се правиме со сила поштени. Јас лично, претерувам со брзината ако патот тоа го дозволува, возилото е во добра техничка кондиција, и постојат услови во сообраќајот да возам 200. Нормално, тоа не го правам постојано, туку го правам периодично кога ќе се создадат услови, и секогаш во возилото сум сам.
2. Начинот на кој што полицаецот спроведува сообраќајна хигиена е погрешен. И тоа погрешен од неколку аспекти:
- Врши контрола на брзина на возила на начин кој што е опасен.
Стационирани се во лента која е наменета за застанување на автопат. Застанувањето во таа лента е наменето за возила кои што мораат да се исклучат од сообраќај заради фактори кои го нарушуваат нормалното движење во сообраќај. Кратко кажано, МОРАЛЕ да застанат. Немало друго чаре.
Полицајците СВЕСНО застанале да сопираат несовесни возачи. Свесно одлучиле да бидат пречка во сообраќајот во лентата која што не е наменета за нив, и нивната дисциплинска актовност, и преку таквата "злоупотреба" да спроведуваат сообраќајна дисциплина.
- Начинот на спроведување сообраќајна дисциплина е погрешен
Полицајците можеле да мерат со радар, но стационирани надвор од коловозот, позади заштитната банкина од десна страна.
Возилото кое што било паркирано под сенка под подвозникот можело да биде во "stand by" на клучката за "Качаники пат" неколку метри подолу. Надвор од коловозот. Моторот вклучен, колегата полицаец чека дојава од другиот колега позади радарот дека треба да се пушти во потера по возило кое што вози над ограничувањето.
Можеби ќе го стигне, можеби нема да го стигне возилот што "лета", ама па начинот е многу по рафиниран и многу по "спектакуларен" за да остави впечаток дека "џандарите ловат со кола и ротационо светло ако возиш брзо".
Навистина незнам зашто полицијата не го користи својот капацитет разумно и стратешки точно. Еден уред за мерење брзина и три патролни возила кои ќе вршат потера е многу по безбедено и по ефикасно решение отколку стопирање возила со дреч зелено елече.
Гледајќи го клипот што го постиравте претходно, јас лично дојдов до еден заклучок:
Ако возиш 200 на автопат, и полиција те измери со радар не им застанувај. И така ништо нема да ти направат.
Особено ако адресата на живеење ти е во Кондово на пример.
Знаејќи го нашиот глуп и тромав правен систем, со "бегањето" полицајците имаат само слика од радар. Немаат записник, немаат легитимирано кој возел, немаат ништо што не се бутка на суд. Може некој од правниците на форумов да даде и по прецизно мислење од моево - уличарско размислување, но знаејќи каков анален исцедок сме од држава, нема да ме изненади и ако излезам во право со моите "муабети".