Смешно е колку апологети има на бранов додатни давачки како оваа последнава со паркинг за мотори (премногу се за да ги набројувам сега). Уште посмешно е што се работи токму за истите ликови кои најмногу рипаа за давачките што ги воведуваше претходната гарнитура клептократи... Ама новите давачки воведени од
нивните клептрократи, тие се за доброто на народот. Разбирате?
Не било заради парите. Ќе се воведувало ред во паркирањето мотори. Како што се воведе ред со паркирањето автомобили кога им ги дадоа државните паркинзи под концесија на од бога избрани ликови, да наплаќаат пари за користење на општествен имот. Без да нудат ама баш ништо за возврат, како безбедност на паркираниот автомобил на пример.
И сега приказната е 7 денари биле мали пари. Всушност со цената на смс-от искача дупло од тоа. И ако смс-от понекогаш не помине заради некоја „системска грешка“ (стотици случаи секој месец), тогаш со задоволство ќе наплатат некоја дебела сума пари за да ја одстранат канџата од моторот.
Само врвчето ма, нема да те боли.
