Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3424778 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Дали до сега на некој од вас во засметал паркиран мотор ? Како можи да опрвадувате ваква глупост ? Не е ова шлепер па да ми смета да поминам, без разлика кај е паркиран.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
не е проблемот наплатата, туку е**ње во здрав мозок. Слободно нека кажат дечки катастрофа сме, ни требаат пари да пополниме буџет или ни требаат пари да си купиме викендици, поклони за швалерките и тн. нека кажат колку чини нивното задоволство и сите ќе ги финансираме нема проблем. Ама лажење дека со тие пари некој нешто ќе средел во државава тешко малку. Јас барам само да не лажат. Нека се искрени за намерите/кражбата и од мене имаат зелено светло и за паркинг за ролери ако сакаат. Другово се е претстава за народ

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Глуп народ сме биле и ќе останиме.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Смешно е колку апологети има на бранов додатни давачки како оваа последнава со паркинг за мотори (премногу се за да ги набројувам сега). Уште посмешно е што се работи токму за истите ликови кои најмногу рипаа за давачките што ги воведуваше претходната гарнитура клептократи... Ама новите давачки воведени од нивните клептрократи, тие се за доброто на народот. Разбирате?

Не било заради парите. Ќе се воведувало ред во паркирањето мотори. Како што се воведе ред со паркирањето автомобили кога им ги дадоа државните паркинзи под концесија на од бога избрани ликови, да наплаќаат пари за користење на општествен имот. Без да нудат ама баш ништо за возврат, како безбедност на паркираниот автомобил на пример.

И сега приказната е 7 денари биле мали пари. Всушност со цената на смс-от искача дупло од тоа. И ако смс-от понекогаш не помине заради некоја „системска грешка“ (стотици случаи секој месец), тогаш со задоволство ќе наплатат некоја дебела сума пари за да ја одстранат канџата од моторот.
Само врвчето ма, нема да те боли.  :P

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Се извинувам за дабл пост.

Ова е примерот на тоа што е суштина на проблемот:

"-Би возел автомобил, но со самото тоа што возам мотоцикл на некој начин се жртвувам и би било неприфатливо моторот да го паркриам на обележан паркинг и потоа да пешачам 500 метри или еден километар, на пример во Дебар маало каде сакам да седнам на ручек и не можам моторот да си го гледам – рече тој."

https://fokus.mk/motordhija-neprifatlivo-e-da-go-parkiram-motorot-i-da-odam-na-ruchek-kade-shto-nema-da-mozham-da-go-gledam/

Е сега, јасно е дека сите сакаме да си ги гледаме, ама тоа не е возможно во средина каква што е густо населен град, кој немал план секоја кафана да се стави онаму каде што ќе може да си го гледаш. Ќе си има "моторџиски" кафани па таму нека обезбедат паркинг за гледање.

Човекот со изјавата „моторот да си го гледам“ сакаше да каже „да го гледам и да го пазам од крадење“ а не „да си го гледам од што ми е убав.“ Многу погрешно-дадена изјава што лесно се вади од контекст и е супер-подложна на исмевање и подјебавање.

--

Дека треба да се поработи малку на културата на моторџиите - треба. Исто како што треба да се поработи на културата на сите учесници во сообраќајот. Али еве пример - пред саат време, фраер на огромен чопер си возеше во обратна насока на тротоар од Лептокарија кон Универзална, за да сврти кај Универзална и да не праи круг.

Таквите примери ги фрустрираат другите учесници. Исто као точакџиите што не користат велосипедски патеки. Да учествуваат во сообраќајот нормално, никој нема да им мрчи. Ама не, тоа чудото (големо ко кола) по тротоар пошто те мрзи да свртиш круг. Ете.

Абе и јас сакам да си ги пазам работите од крадење, ама ако остане тоа дека проблемот е во тоа да ми биде цело време паркиран каде што ми се гледа нема поента. Преполни се тротоариве и коловозиве со паркирани возила каде ќе им се гледа на сопственците.

Едит: Воопшто не ми беше поентата да коентирам дали некој од чалам го прави тоа. Едноставно проблемот го гледаат дека местото на паркирање на моторите ќе биде ограничено. Затоа мислам дека повеќе боли отколку тие 7-10 мкд/ч.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
не знам како не сфаќате дека ако останете без икс денари во вашиот џеп тоа е за ваше добро :DD
плус кога ќе одиш Чаир, па кога ќе видиш се мотори под конец наредени на паркинг, па лепота. Ќе речеш дупло ќе платам за вакво задоволство, како порано не ни текна. 

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3930
Ццц....

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
П.С. Колку за евиденција, јас лично не возам мотор. Само треба човек да е глуп за да се залажува дека една нова давачка не го засега токму него. Сите не засега ова - пошто еден куп нови давачки постојано се воведуваат, или постоечките ги зголемуваат. А нели ветуваа помали давачки. Радиодифузна такса немало да плаќаме, за возврат куп нови давачки... А овците си пасат од тревата, има за шишање. :-X

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
7 денари давачки од саат. Кафе 100 денари у броз.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Дали до сега на некој од вас во засметал паркиран мотор ? Како можи да опрвадувате ваква глупост ? Не е ова шлепер па да ми смета да поминам, без разлика кај е паркиран.
Тоа што не ми засметало не значи дека некаде, некому, не било проблем.

Од сите проблеми во градов, не знам како наеднаш ова излезе како најприоритетен проблем.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
П.С. Колку за евиденција, јас лично не возам мотор. Само треба човек да е глуп за да се залажува дека една нова давачка не го засега токму него. Сите не засега ова - пошто еден куп нови давачки постојано се воведуваат, или постоечките ги зголемуваат. А нели ветуваа помали давачки. Радиодифузна такса немало да плаќаме, за возврат куп нови давачки... А овците си пасат од тревата, има за шишање. :-X

Колку за евиденција, јас немам замерки да биде бесплатен. Но би ја подржал иницијативата да има јасна регулатива за тоа каде може да се остави мотор.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Свесен си дека зборуваш за чиста утопија?
Ќе си го користат ова за собираат пари, и да казнуваат селективно. Ред пак нема да има.

Регулативи (и закони) имаме и повеќе од доволно.
Спроведувањето на истите, е тоа е проблем. Законите и правилата важат само за некои. За избраните не важат. Овде најчесто законите и правилата не важат за никој, освен за тие што треба да се замолчат, и овде онде за понекој рандом несреќник искористен за покажување пример како демек живееме во правна држава.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Колку за евиденција немам ни мотор, а ни во Броз не одам, што значи заштедив 107 денари.
Ајнштајн „Само две работи се бесконечни, универзумот и креативноста/смислувањето приказни за молзење на сопствениот народ“ ;)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Ќе има ред, тоа е поентата. Не треси зелени. Во општина Центар е доволно да се реши овој проблем каде што има најголема бројка на мотори во одреден момент. Како што има паркинг за автомобили во центар и околните населби кој што се наплатува, така нема потреба за такво нешто во Шутка или во Автокоманда.

Колку за евиденција немам ни мотор, а ни во Броз не одам, што значи заштедив 107 денари.
Ајнштајн „Само две работи се бесконечни, универзумот и креативноста/смислувањето приказни за молзење на сопствениот народ“ ;)
Ти толку си заслепен од дневна политика, немаш никаква можност да размислуваш со своја глава. Добронамерно ти кажувам, отараси се од политички партии и на кого каква му била целта.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Идеа за нова давачка кај нас. Штета касно ќе им текне, со дождовиве сега ќе се наполнеа од пари. Кафе во броз 100 ден, данок за дожд 5,9 ден со вклучен ддв, задоволството нема цена
https://taratur.com/drzhavata-im-naplati-danok-za-dozhd/
@vlatko.klp   фала на добронамерниот совет, а сега одје*и