Таа раскрсница е една од ретките останати во скопје, каде истовремено се отворени два правци за движење, едниот од правец на касарната према хотел русија, другиот обратно, од хотел русија према касарна.
Друг таков семафор е во Автокоманда, каде од „Дојрана“ се движат накај железара, и обратно, кога и на едните и на тие од спротива им е зелено, и со можност за вртење во лево. Друг таков семафор, не ми текнува.... можда има уште на некое место, ама кај што не се пресекува булевар, па не е толку значајно. Мислам дека тоа е основната грешка на тие раскрсници. „Плачат“ за сообраќајќи, а и се дешаваат често...Ем што левата лента е за лево и право, па се дешава некој да помисли дека некој врти во лево, пошто кај нас жмигавци не се користат, туку телепатски треба да знаеме кој кај вози.
(Како и да е, јас мислам дека џандарот бил крив)
