И да нема повреди, црвено би сметал како обид за убиство. Со самото тоа што поминуваат на црвено, свесни се (барем треба да бидат) дека можат да усмртат некого или себеси. Не знам дали воопшто размислуваат или само за стрижење им е главата.
А тоа дека полицијата не си ја брка работата, за нив уште поголеми казни треба да има, но не верувам дека во догледно време ќе има напредок. На огромен број полицајци филмот им е да се курцаат, па како да очекуваме дека тие ќе го применуваат правилно законот? Треба да се направат некои тестови за ниво на сељачизам кога ги вработуваат за џандари, ама па така нема да можат да најдат доволно џандари. Го ставил миризливото, знакот и елекот на шофершајбна и мислат дека господ за мадиња го фатиле.