Мерцедесов од 84-та...
А ти мислиш дека со понов мерц или бмв ќе куртулиш во директен судар со камион ? Освем ако немаш два животи незнам како поинаку би преживеал.
11
Муабетот ми беше дека колата најверојатно нема никакви сигурносни системи веќе останато во неа. (да почнеме од Airbag).
Директен судир со било каков објект е фатален, и да е стоечки објект, а да не зборуваме да се движи со одредена брзина во спротивна насока. + да ставиме на тоа дека мерцедесов претицувал што значи дека бил солидно залетан.. Точно е дека треба да имаш два живота или многу многу среќа, ќе наведам личен пример подолу. Ама сум видел фатални несреќи кај што луѓе преживеале со ГОЛЕМИ последици, ама сепак живи. Така да верувам дека можел да преживее во поново и посигурно возило, ама ебати таквиот живот потоа ако биде на пример инвалид/осакатен/со импутирани екстремитети итн...
Е сега од друга страна за маубетот со Spark. Мајка ми имаше сообраќајка во која учествуваа со возило Chevrolet Spark и шлепер. Да убаво читаш ШЛЕПЕР. Возачот на шлеперот не ги видел и се забива со 80 км/х точно во страната позади каде што седеше мајка ми. Колата беше нова од салон али џабе, не се отворил ни AIRBAG ниту ништо ( не ни знам колку има аирбези можно е да има само напред)
Последици: Здробено рамо, 8 пукнати ребра, психички не можеше да си дојде на себе... Помина време со неколку операции фала му на бога е здрава и жива и има па да не претерам ама минимални последици. Можам да кажам дека тоа е чиста СРЕЌА, затоа што ако видите како изгледаше и во која состојба беше Spark-от, ќе си речете овде нема шанси да има преживеани. Ама ете, среќа или втор живот како сакате наречете го, има нешто. Има луѓе најмала глупост ќе направат и ќе загинат, има луѓе ќе излетаат со 180 ќе спасат гз... Се е момент и ситуација. Сепак ова со мерцедесов и камионов е многу фатален удар и пак ќе речам, и да преживеел човекот ќе бил со многу фатални последици... Ама сепак ќе преживеел.