Пишав и претходно дека мн е нелогично и крајно бизарно да неможеш да пријавиш случај лично во болница. Исто пишав/објаснив дека во овој момент овој здравствен систем така фукционира. Дали тие правила се нелогични/лоши, дали роботи биле вработените незнам. Овој систем толку им дозволува. Се надевам дека луѓето се во ред и дека брзо ке се опораавт :/
А ако се прашувате дали биле хумани како некои добри самаританци овде, треба да знаете дека макс плата на доктор е 30.000, сестра 20.000, болничар 15.000 преку сила со дежурства. Значи со тие минимум средства, со малку амбулантни коли што ги имаат, добивате услуга најдобра што може да се добие во вонредни околности. Пола од амбулантните возила се со летни гуми. Дел од амбулантните возила се донации кои порано биле комбиња, па сега се преуредени во амбулантни - значи пимп мај рајд.
Јас никого не оправдувам. Најдобро би било како во УСА еден број за се - таму е 911, па ако смее некој да не дигне на тој број, после со тужби до 7 колено ќе е препралвен.
Пак по 3 пат ќе пишам дека и јас неможев да пријавам случај, далеку бев и од болница и од се. Шпринт неможев да трчам, едино што можев да направам е да свртам 192 па тие да си се искоординираат. Дали е тоа во ред НЕ, ама неможам да кажам дека таму работеле роботи, пошо не знам и не сакам да знам што се случувало во бекстејч.
Системот така функционира, ака сакате подобро или ќе си станете Министер и ќе го смените/подобрите системот за да не умираат луѓе на влез од болница или ќе одите во приватна болница каде што ќе трчаат по вас ама ќе си преплатите услуга. Ова го дознав после неколку пријавувања на тел, чекање по ходници, мои термини и тн.
И за крај, мн е глупо генерализирање на било што. Секаде има и добри и лоши луѓе, во сите професии па и во оваа. Ако дел се лоши не значи дека 100% се лоши. Поздрав