Пред неполн сат слушам тресок некој надвор, гледам од џам, се закачило Сузуки Свивт на Илинденска на раскрсницата кај Воена болница, на прав пат, на средина каде што се разделуваат лентите...
Слегувам одма долу... застануваат уште 2 коли...
Во Сузукито тројца мажи и една жена 50+ години, шоферот слабо реагира, стегнат со воланот, едниот маж од напред излеза, па и другиот од назад, жената во несвест назад... ѕвониме на брза помош, никој не крева... трчам јас до воена (8ми септември), блиску нели (3 болници на 200 метри) и болничарка пуши цигара надвор.
- Екипа ќе ве молам, сообраќајка се случи онде кај семафорите, има повредени...
- Абе ние сме ургентен центар, немаме комбе и екипа (не знам како да го протумачам ова), врти на 194... или оди до поликлиника Букурешт...
Трчам натаму и гледам комбе излегва од таму... алелуја.
Се врачам кај дешавката, стигнува уште едно болничко комбе и полиција.
жената немаат појма како да ја изваат од задно седиште болничарите... ниту пак возачот... и ставаат мобилизатор на вратот на жената... се врткаат, не знаат како да ја извадат... пожарникарите слегваат од камион, ја креваат жената и ја ставаат на кревет, во меѓувреме жената повраќа крв, овие на грб ја ставаат болничарите... им викаме да ја стават на страна... не послушаа... заминаа.
3 болници на 200 метри, екипи со недоквакани болничари после 30 минути...