Член 225
(1) Возачите - учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот, да овозможат непречено одвивање на сообраќајот и да го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода.
(2) Европскиот извештај за сообраќајна незгода од ставот (1) на овој член возачите- учесници во сообраќајната незгода го пополнуваат и потпишуваат кога се согласни за начинот на кој се случила сообраќајната незгода.
(3) Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени или загинати лица.
(4) Европскиот извештај за сообраќајна незгода од ставот (1) на овој член го прави достапен за учесниците во сообраќајот Националното биро за осигурување на Република Македонија.
(5) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот- учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 226
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи, кога:
- едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
- едно од возилата има странска регистарска таблица,.....
E sega ako ne se ispolneti okolnostite od clenot 226 togash naplakjash globa sfakjash?
Znaci detevo mozel da vikne policija a policijata e dolzhna vednash da izleze na uvid....ama ne i globa da mu dadat za vakvi zakonski okolnosti opishani vo clenot 226 od zakonot