Не можам да ја најдам темата за судари....
29.12.2017 09:50
Возач на такси возило почина, а едно лице е потешко повредено во сообраќајната незгода што се случи ноќеска на булеварот „Србија“ во Скопје.
Несреќата се случила околу 01:25 часот кога возило марка
„ауди А4“ управувано од Ѓ.Д. (28) се судрило со возило „пежо 207“ управувано од А.М.(60) од Скопје, а потоа преку тревникот поминало на спротивната насока и удрило во оградата на бензинската пумпа и во такси возило „шкода октавија“ управувано од Т.Ј.(58) од Скопје.
По незгодата, аудито се запалило и целосно е опожарено. Притоа интервенирала и екипа од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Со тешка телесна повреда, односно фрактура на коленото се здобил Б.М. (21) од селото Сопиште кој бил сопатник во аудиото.


И во место да стоиш, џабе ти е...