Вчера немил настан....Локација кај Спортекс пред куќа...Актери...2-ца со Моторишта бесни и еден домаќин човек со 3 деца од кои едното 2 недели старо.
Време...1 и 30 по полноќ.
Се почнува кога еден од двајцата со моториштата застанува точно кај Спортекс пред куќа и почнува да го грми моторот.
Аспух нормално нешто преправан па звучи како Турбомлазен пропулзор да имаш под прозорецот.
Тоа трае негде минута две...после му се придружува и ортакот а после тоа се слуша пискање одозгора од спрат каде спијат дечките.
Не помогнаа ни изолацијата на куќата ни ПВЦ врати ни прозори, ништо...Грми корне!
Прво најмалиот рикнува да плаче а после и дадите преплашени од звукот.
Домаќинот излегува на балкон и со мирен тон прво ги замолува да престанат.
Тие му го покажуваат средниот прст и продолжуваат да рикааат.
Домаќинот фино на гакици гол, излегува надвор, успат од подрумот зема една летва, и излегува надвор.
Двајцата грмат и понатаму и додека домаќинот смирено се движеше со летвата кон овие двајцата, едниот го виде ја стегна до даска и усвет.
Другиот лапна една васпитно порпавна по грб, оти не успеа толку бргу да го стартува моторот.
Наравоучение....кога излегувате да тепате некого облечете си патики за да трчате побрзо.
Прво си офтопик. Насловот е дешавки со кола, а не со летва. Второ не знам како имаш желба за трчање. Мене ме мрзи да одам во 1:30 на пладне, не па да трчам во 1:30 навечер. Купи двоцевка, напуни фишеците со сол и играј си „кого пукнам не жалам“. Гарант е поефикасно од летвата и побрзо од трчање со опинци.
Во контекст на офтопикот, и јас пред повеќе години имав сличен случај. Само тогаш немаше 3 деца, туку 1 говедо. Моторизираните љопки од Незарет (Долно Нерези по Католички) имаа нарав после искачање да се збираат на едно кривинче непосредно кај семафорите на раскрсницата Партизанска со Никола Парапунов во Карпош 4 и да си играат „покажи што знаеш“. И тоа траеше веќе извесен период. Една вечер, враќајќи се од искачање, дефинитивно орасположен што од алкохол, што од тазе лапајца-драпајца, поминувајќи крај зборното местото добив сјајна идеа. Ми остана околу 700ml неупотребено моторно масло при промена за фичото и тоа ми беше при рака. Појдов на 50 метри од патеката за курчење и го истурив цик-цак во должина од 3 метри. Потоа спокојно си појдов дома и си легнав да спијам. Утредента станав напладне, како што е ред, се замив и заминав на денвна шема - кафе со пријателите и пријателките. Успут поминав на местото на злосторот. Имаше две траги од кочење со масна гума и каде што завршуваа трагите на 4-5 метри стакленца и скршени пластики. Искрено ми се наполни душата. Врз уљето некој совесен граѓанин беше истурил пилевина и песок. Љопките и понатаму се собираа и брмчеаа на дадената локација. Престанаа најверојатно кога им заврши нивната моторџиска сезона(они се многу поиздржливи на влијанија), т.е. кон Нова Година...