Попрво би забранил мали возила како 107 одошто големи како Q7. Како и да е, смешно е да посакуваш да се забрани возење на Q7 низ град кога е дозволено возење на автобуси, камиони, комбиња, комбајни и слично. Дури и да не беше Q7 туку некоја друга лимузина, верувам дека исходот од удесот ќе беше подеднакво поразителен за 107. Што би рекле верниците „да не даде господ“ да си со возило ко 107 и да те удри некој со било што поголемо. Ете и кај мене тоа коковчето што ме удри, имаше подеднакво штета како овој со 107-цата, а јас имав испукана боја на браникот. Гугле го виде кога го извадивме за фарбање, воопшто не беше ни пукната пластиката. Така да не е до Q7-цата туку до 107-цата.
Фаланга, ти посакувам да си купиш поголем семеен автомобил, по можност нешто како Q7 и да направиш споредба. Мислам дека Спаркот нема да сакаш да го видиш. Јас кога ја купив маздата сеуште ја имав фиестата и тоа неколку месеци. Ниеднаш не ја возев освен кога требаше да ја продавам па со муштериите. Жена ми чат пат ја повозуваше пошто јас ја киднапирав маздата и ја држев во заложништво. Разлика од едно до друго е како ден и ноќ. А тек можам да си замислам како би ти било од Спарк да се префрлиш на Q7...time traveling...