Јас не знам дали има врска на пример ако е врзан само возач или само совозач за отварањето.
Дали на пример ако е врзан само совозачот се отвараат само перничиња на неговата страна, или сеедно? Ако воопшто отварањето е поврзано со ставање појас.
Мене ми се отвори завесата од совозачка страна и перничето во совозачко седиште, а напред не се отвори ништо ни на моја страна ни на совозачка, претпоставувам дека на крај удрив напред и тоа со релативно мала брзина, па не се ни активирале.
Инаку совозачката која беше врзана имаше само модрица на главата од ударот со мојата глава.
Јас затоа што не бев врзан имав огромна џумка на чело од ударот во волан (и тоа со брзина од 20-30 на саат макс) и имав модрици на лева нога и рака, и на главата лево и десно од што сум се мавал пред да удрам на крај. А рачунајте не излетав од седиште, само од движењата лево десно на седиште...