Мене ужасно ми сметаат тие жардињери пред кривини и на острови и и пред семафори, кои се веднаш до улица, без никаков тротоар. Конкретно, таму кај што се учукал типот, пред некој ден бабичка се шеташе по улица, пошто утнала нешто, па не можеше на пешачки остров да оди безбедно дур не помине сообраќајот, туку беше на улица. А таму е така фино непрегледно кога одиш од скопјанка накај бисер, што можеш да бираш, или да се акнеш у жардињери или да ја качиш бабата на хауба. Типот може не згрешил многу, но жардињерите веднаш до улицата, оставаат премногу малку маргина за грешка. Да не ме сфатите погрешно, не оправдувам некој што беснеел низ град, туку едноставно може била таква ситуација да не можел да ја избегне жардињерата. Ем штетите на возилото драстично се зголемуваат кога ќе ја урољаш колата од бетонска жардињера. Малку да поработеа сообраќајниве инжињери, сигурен сум дека немаше такви решенија да дозволуваат.