А чекај вие не знаевте што станува кога ќе се спукаш со 100+ Или се ослонувавте на воздушни перничиња кои на такви брзини се само за лажење на мали деца.
Воздушните перничиња на големи брзини не гарантираат ништо, но тоа не значи дека се џабе. Сепак ја зголемуваат малата веројатност да преживееш.
Но, имај на ум дека кога возиш 120+ и кога ти искача ненадејна ситуација, најчесто не се лупаш со 120, туку рефлексно кочиш, па брзината брзо паѓа 120-110-100-90-80-БУМ!
„Не врзувам појаси на автопат пошто ако се учукам со таа брзина не ме спасува ни појас ни ербег“ е ЧИСТ КАКО СОЛЗА МОРОНИЗАМ, ИДИОТШТИНА СО СЕДУМ ЅВЕЗДИЦИ, бидејќи сударите кои настануваат без претходно кочење се многу, многу ретки. Дури и ако ВОЗИШ 120+ на саат, ќе се УЧУКАШ со помала брзина бидејќи претходно ќе кочиш со сета сила.