A be ne sum doktor ja. Pojma nemam i ne bi se pletkal da pipam, nego bi viknal doktor.
Јас ќе ти кажам зошто човечко тело после 3 минути без дишење нема шанси за преживување.
Значи кај возрасни мажи треба најмалку 60 килограми притисок врз градниот кош за да се компресира срцето. кај возрасни жени таа тежина е од 50-55 кила.
Епа замисли ме мене со моите 67 килограми телесна тежина, како би зигледал кога би пробал да дада масажа на срце кај возрасен маж? Значи би требало буквално да се качам со двете нозе врз давеникот и да скокам врз него за да дадам масажа на срце (заборави она на телевизија што си гледал дека со две раце го притиска и со тоа му дава масажа на срце, тоа е сао за на филм).
Е сега има уште еден друг момент тука, баш тоа ми е поентата на муабетов. Ребрата кај возрасен маж (ребра како коски) не можат да издржат поголем притисок од 40 килограми без да се скршат а особено градната коска нема да издржи толкав притисок. И сега се доведуваш во ситуација каде МОРАШ да нанесеш телесна повреда (кршење на ребра и градна коска) за да дадеш масажа на срце. Сега капираш ли кога ти кажав дека обдукција може да покаже се? Значи ти не можеш да кажеш дека успешно си дал масажа на срце ако патологот види дека ребрата и градната коска не се скршени. Значи ти си приморан да нанесеш повреда за да спасиш живот!!! Без разлика колку би изгледало тоа брутално гледано од страна, ако знаеш што треба да правиш треба да го направиш тоа без губење НИ СЕКУНДА!
Значи давеникот кој не диши веќе 2 минути и има реална шанса да преживее уште 30 секунди до минута (еве две минути нека се максимум кај исклучителни случаи) не може да те чека тебе да викаш доктор и полиција. Значи неговиот живот е во твои раце. Ако ти му дадеш успешна масажа на срце (во комбинација со вештачко дишење и тоа во комбинација 10 х срце + 3 х вештачко дишење) во рок од 3 минути од после престанокот на дишењето има реални шанси ЦЕЛОСНО да се опорави или да се опорави со мали оштетувања на мозокот. А сега замисли дека тој давеник е нечиј татко, мајка, сопруг, сопруга, дечко, девојка, син, ќерка, најдобар пријател, VIP, не би сторил ништо за да се обидеш да му го спасиш животот? Би чекал доктор за да констатира смрт? Што мислиш какво е чувството нечиј татко да вратиш од мртвите? Само би дремел на страна со телефонот во рака прашувајќи уште колку минути додека дојде доктор? Би можел ли да живееш понатаму до крајот на својот живот знаејќи дека си можел да спасиш живот но не си го сторил тоа поради страв од осигурителна компанија?
Треба почесто да поставуваш прашања отколку да постираш тврдења кои се спротивни на здравиот разум. Се надевам дека овој пример ќе те натера малку да размислиш во врска со твоето понатамошно учество на форумов.