Не си возел доволно, има делови од нашите автопати каде што се вози со 140 км/ч безбедно и комфорно. Барем 90% од нашите автопати може да се вози 120-140 без проблем.
Исто и на новите експресни патишта Штип Кочани и Штип Радовиш се вози 130-140 без проблем, писта рамни се овие два пата, плус доволно широки за и ако од спротива престигнува некој, да се поместиш во крајната десна лента за застанување и без проблем 3те возила истовремено да се разминете.
Само треба акал кога се вози. На тие двосмерни патишта има идиоти што возат 70-80 (а дозволено е 110) и притоа се на средина на патот, со левите тркала ја газат средишната лента. Е тоа се идиоти за стрелање.
АМа има и такви што се тргаат во крајната десна лента, па кога ги престигам, немам потреба да влегувам целосно во спротивната лента. Се заблагодарувам со пуштање на 4ри жмигавци, тој ми блицка, ни нервоза, ниту водење инат.
Кај нас повеќето е да се води инат како сега ќе те нервирам. Пред скоро 2 месеци возев према Дебар и по кривините од мавровска брана надоле идиот со шаран вози со 35-40 км/ч. Доагаат кратки правци, забрзува до 50, потоа пак 35.
И во тој дел има еден долг правец кај што можеш да престигнеш, тргам да престигам, идиотот намерно забрзуваше за да не го престигнам. И потоа кога го престигнав, толку идиотот се заглави остана да вози споро по кривините. Значи можело да вози побрзо и нормално, ама пошто е неандерталски идиот, вози споро да те нервира за потоа да не ти дозволи да го престигнеш оти пак доагаат кривини и идиотизмот ќе го искажува према останатите.
Повеќе е идиотизмот и неандерталското однесување на она сеа ја сум главниот, јас ќе подјебавам наоколу заради задоволување на лични свои мизерни интереси.