Како стиснав заби денес

Возам по Ѓоргов кон Козле, стигнувам пред мене девојка на точак која вози по коловозот, намалувам брзина пошто секако требаше да вртам лево за на Загребска.
Одеднаш, буквално одеднаш, девојката врти лево (демек ја поминува улицата на пешачки премин), немав потреба да кочам бидејки беше на некои 5,6 метри пред мене, а и бев тотално изненаден, но во истата секунда кога почна да вози со точакот по пешачкиот, здогледав кола од спротивната лента која беше многу поблизу.
Во секунда ми помина низ глава филм, како ја дига на хауба, таа лета во воздух и паѓа кај мене на хауба.
Се извлече за влакно и си продолжи како ништо да не било.
Се гледаме со тој од другата кола, не стигна ни да ја опсуе од што беше изненаден.