@Deni вртења на лево (безбедносен проблем, подолго време и слично...), некои апликации сигурно го имаат како избор, пример Waze има избор за "avoid difficult junctions - избегнување тешки раскрсници" - што е стварно корисно, нешто што често го правам.
Но Google maps тоа го решава на друг начин. Дали одредено место е проблематично за вртење пресметува врз база на времето што е потребно тоа да се помине во одредено време од денот врз база на релниот сообраќај на тоа место. Според мене тоа е подобра опција отколку да избегнува само вртење во лево. Не секогаш релација од десно е подобар избор.
Еве конкретно пример базиран врз твојата релација, едната е пресметана врз база на моменталниот сообраќај, другата е за 2 дена, базирана врз претпоставка за сообраќај.
Во два различни периоди има два различни предлози за рута.
Првиот пат е подобра рутата со вртење само на лево, вториот пат е подобра рутата со вртење само на десно.

