Дечки, тие што поретко го возите Плетвар (тие што го возат често претпоставувам знаат), а имате потреба да го возите периодов бидете внимателни оти колку што имам видено истумбани коли последниов месец, немам видено една година уназад. Изгледа асфалтот е уште повеќе измазнет, а посебно кога ке заврни малку па тоа се измеша со маслото и нечистотијата, рецепт за санкање и тумбање.
Да надополнам на ова дополнително - кога патувате од Прилеп кон Скопје, внимавајте на браздите/шините кои се креирани од кочење на камионите што се спуштаат и сите дупки длапки, па се до каменоломот кога започнуваат поголемите кривини. Од тука, па натаму е пак наредна приказна, асфалтот е океј-ish, ама очи 24 и не чепкајте во мултимедија, може да почека пола саат до Црна Река, Сирково