Види насабајле колку коли возат на работа само по еден човек. Само хипотетички замисли си, колку помалку гужва ќе има во градов, кога секоја таа кола која вози по еден човек на работа и назад, би се заменила со скутер. Уствари не помалку гужва, туку ќе исчезне гужвата. Ќе биде градот рилекс. Тебе единствана побуда да поддржуваш наплата на паркинг за моторџии е „зошто ја да плаќам они да не плаќаат“, уствари „да му цркне козата на комшијата“, за мене тоа е погрешен мајндсет. Градот, многу подобро ќе живее доколку се олесни (субвенционира) возење мотори, поготово скутери и мали мотоцикли, и се поттикнува масовноста на користење на истите.