Да споделам една случка со непожелна среќа во несреќа. На одмор кај комшиите на Халкидики решивме со жената ке одеме до града наш Солуна на шопинг. И терам 90-100 на пат и кога од другата страна комбе претекнува друго комбе и кога наеднаш литна една штознам, летва/штица или што и да е на мојата лента, за дел од секундадата да не закочев и да завртев на другата лента, тај предмет метарипол на метар(нешто како маса 1.5м-1м) за малку да не удреше во шофершајбната. Кога литна спрема нас се замрзнав, не знаев што да направам закочив и гледав некако ако можам да ја одбегнам пошто летањето на таков предмет со брзина над 100 нема некое си определено движење, али како што реков, среќа во несреќа се помина добро. Потоа на враќање после 5 саата видов сеуште стоеше во грмушките до патот што се, сигурно возачот не е ни свесен што се случило.