Многу лош ден денеска.
Прво му се изнарадував ко мало дете на едно Поло шо го купивме пред извесно време 1.2 турбо дизел Блумоушн, за да откако ми зварши состанокот со колегата после пола саат ми се јави и ми каже дека акнал куче со 120 (на темпомат, не ни успел да закочи воопшто) после последна патарина кај Куманово. Кучето било големо, предница лом, маска, фарови, хладњак, катастрофа.
За да после кога си тргнав на кај дома, една будала од Битола со Шкода јети ќе се учукаше во мене ако не излезев малку од патот.
Кај Катланово возам околу 130 на рамното пред бензиската на кај Велес кога одиш и позади една Опел Инсигниа која подолго време возеше зад мене реши да ме претица. Тој курајберот битолчанецот со Јетито, од кај излезе пред Инсигниава, влегува во макази си пика готово да ме удри. Згазив уште малку за да не ме удри (не можев многу пред мене имаше кола на 20 метра) и излегов со десната страна од патот за да помине мајмунот.
И свири уште и мафта со рака !!!
Така ме изнервирал шо се извадив од контакт, гас до даска и по него.
По кривините 140, 150, кога ќе ми текне сега страв ме фаќа. Гази и он и пред тунелот првиот негде го статсав и возам паралелно со него и му мафтам да запре, отворив прозор и му пцујам се живо. Почна да пцуе и оне ама не застанува, не знам ако се осмелеше да застане како ќе завршеше приказнава.
Мислам дека ќе добиеше класичен нокаут 3 секунди после излегување!
Поздрав до жена му и сестра му!
Другарче на делница Велес - Скопје удрил во куче со 100 км/ч, предницата лом.
Интересното е што кога дошла полиција му рекле дека е намештаљка и дека одпосле го донел кучето.
Ме интересира како поминавте вие со полиција ?
Не знам сеуште ништо, само телефонски се слушавме шо и како. Колегат е од Бугарија, возилото со Германски таблици, малку е сложено. Му реков да дојдам ми рече јас ќе средам не иди сега пак од Велес наваму.
Пративме шлеп служба од Софиа, ќе знам наскоро детали во врска со полицијата па ќе ви кажам.