Во случајов, факторот ширина на гумата е далеку побитен од факторот форма на шарата и квалитетот на гумата.
Факторот ширина на гума влијае само во функција од пречникот на гумата.
Гума со широчина 195 на 15" и 195 на 16" бандаж немаат иста склоност за аквапланинг.
Гумата кај бандажот со помал пречник има поголема склоност на аквапланинг затоа што има поширока нагазна површина од истата гума на поголемиот пневматик, кој ќе има подолга нагазна површина споредена со правецот на ротација на пневматикот. Штосот е во формата на отисокот што гумата го има со патот. Ако отисокот го замислиме како правоаголник, тогаш кај пневматикот со помал бандаж ќе "гази, напаѓа на асфалтот" со поголемата страна од правоаголникот, а кај пневматикот со поголем бандаж нагазната површина ќе "гази, напаѓа" со помалата страна од правоаголникот.
Бидејќи гумата на помалиот бандаж се "мацка" во вода со подолгата страна од нагазната површина при вртењето, веројатноста за појава на воден клин е поголема од гумата кај поголемиот бандаж, затоа што ќе "бутка" поголема количина на вода.
Шарата само помага полесно да се одведе водата надвор од површината на допир помеѓу пневматикот и тлото. Односно шарата со помош на центрифугалната сила помага "правоаголникот" да се исцеди од вода од моментот на контакт со подлогата до моментот кога повторно треба да влезе во контакт со подлогата (односно за времетрање на една ротација на пневматикот).
Во услови и двете гуми да се исто напумпани и да нема разлика во пропишаниот притисок за истите.
Тоа значи дека на ист пречник на бандаж да речеме 15" способноста за Аквапланинг ќе расте пропорционално со широчината на гумата. Односно кај пневматик со 195/55 ќе има помала веројатност за аквапланинг споредено со 205/50 кој ќе има поголема веројатност за аквапланинг.
https://en.wikipedia.org/wiki/Aquaplaning#/media/File:Hydroplaning.svgИнаку за да се створат услови за аквапланинг, широчината гумата е еден од неколкуте фактори кои го овозможуваат тоа.
Бујрум линкче кој сака нека читне.
https://en.wikipedia.org/wiki/Aquaplaning