Денес на 200м пред Окта бензинската пред Катланово ми искочи во спротивна насока црвена нова опела астра, скопска со стар човек со бела коса и жена до него.
Му аблендирав, свирев, закочив, за среќа говедото сенилно сфати, застана сврте 180 степени и тргна накај Катланово, таму и се исклучи од автопатот.
Пријавив на прва патарина, ми кажаа дека и други истото го пријавиле и нивен совет е стално на Скопје-Велес и Велес-Скопје (кога ќе има повеќе ленти во употреба) да се вози на десната лента.