Нема право да ти налага во никој случај. Проценителот врши проценка ама површински, кога ќе ја однесеш колата каде ти сакаш, таму од сервисот ја вршат главната процена, му се јавуваат на проценителот и доаѓа да се утврди уште еднаш што е оштетено и колку ќе кошта.
Мене ми го удрија Спаркот пред две недели и процедурата е како што кажаа Александер и Симо. Меѓутоа има заеб. Треба многу да се внимава на проценката, односно која штета и дали во целост ја оценуваат. Потоа ти даваат листа на сервиси со кои тие имаат договор за соработка и ти треба да избереш каде ќе ја правиш. Ако избереш некој од тие сервиси тогаш осигурителната компанија плаќа таму на фактура и ти не се замараш со пари. Ако ја правиш надвор од тие сервиси тогаш ќе ти префрлат пари на трансакциска сметка па после ти крши глава.
Е сега, после сликањето на штетата они мора да направат записник во кој пишува кој дел е оштетен, колку е оштетен и колку изнесува штетата во пари. Тука е заебот. Најдобро е да поминеш во овластен сервис, да ја погледнат убаво штетата и да ти кажат но да не знаат во која осигурителна компанија е осигурана оти прават дубари. Тебе чисто ти треба информација дали проценителите направиле проценка за да заштетат или чесно да те обештетат.
Во мојот случај проценија штета од некои 12.000 денари. Олимпија моторс беше на нивниот список како сервисен центар па поминав таму да ја погледнат штетата. Отидов таму, гледаат и викаат: дечко вратата треба да се смени, ова се прави ама нема да биде трајно и ќе се познава. Нова задна десна врата... 27.000 денари.
Дури после тоа им кажав за која осигурителна компанија се работи и одговорниот на сервис рече, нема шанса ова да се заврши со 12.000 денари. Па се јави на телефон кај проценителот, тој дојде, отворија вратата комплет, проверија и се сложија да се замени целата врата.
Така да износот на штета од 12.000 го качија на 30 и кусур иљади. Така да битно е да имаш некој твој во некој од сервисите или да си отидеш чисто на проценка no questions asked.