Со „Голф“ се забиле во куќа во Кичево - три млади лица загинаа во стравична сообраќајка.Три лица го загубија животот, а две се тешко повредени во страотната сообраќајка која рано утринава го потресе Кичево.
Несреќата се случила утрово во 4:30 часот, кога автомобил „Голф“ со кичевски регистарски таблички изгубил контрила и се забил во куќа на улицата „Ужичка Република“. Во возилото имало пет лица, од кои три загинале на лице место.
Двете тешко повредени лица се пренесени во кичевскиот Медицински центар, а едно од нив, поради сериозноста на повредите, завршило во охридската болница „Св. Еразмо“.
Сеуште не е познат идентитетот на повредените и починатите лица, но, неофицијално, се работи за помлади лица.
Полицијата врши увид на местото на стравичната несреќа.
http://press24.mk/so-golf-se-zabile-vo-kukja-vo-kichevo-tri-mladi-lica-zaginaa-vo-stravichna-soobrakjajka