@onak - окулу ламда сондата ништо не чепкавме си остана како што си беше
кај класичен дизел сигурно има некоја придобивка ама незнам колкава точно може да биде (нема никаков проблем што тоа возило нема ECU, број на вртежи се вадат од алтернаторот а позиција на педалот за гас ќе се направи со потенциометар, малку повеќе работа ама може да се изведе)
@LosiPatista - како што кажав претходно овој систем не користи давачи од возилото единствено е што се зема сигнал од позиција на педалот за гас (кој исто така може да се изведе дополнително ако го нема).
За поставување на овој систем на возило со класична бош пумпа без електроника е можно само со малце повеќе работа. (да се изведе сигнал за вртежи од алтернаторот кој малце може да биде сложено додека се добие скоро точниот број на вртежи и да се направи некој механизам со потенциометар за позицијата на педалот за гас)
ако успеете да извадите сигнал од алтернаторот за обртаите, ај откриј ми дел од твојата тајна зашто ти е потребна и педалата за гас? по логика чим ги има обртаите како информација што ке ти е стискање на гаста? да речеме ги штеловаш дизните да пуштаат плин на една секвента од 0,4 милисекунди. колку повеке обртаи толку почесто отворена дизна, толку и повеке плин во усисна грана. педалата за гас што менува...?
плус, нели може тука да се изведе старомодниот систем плин на плочка?
што се однесува до ламбда сондата... во плимонт има донесено 2 уреди за ХХО, едниот требаше кај мене да се стави, ама тоа не е битно. битното е дека во комплетот со тие уреди иде и еден електронски лажњак за ламбда сонда, со потенциомер кој си го ставаш во кабина. значи со лажњакот можеш да диктираш побогата смеша и посиромашна смеша... односно, кога ке пуштиш да иде на плин, ке го свртиш како да измерил побогата смеша и под дефолт екуто од колата ке го намали времетраењето на отворање на дизните односно, ке почнарт да пуштаат помалку нафта.. епилогот е уште поголема заштеда од досегашнава што сте ја добиле, а снагата на возилото ке си остане релативно иста како претходно што си била... дискутираме за мои прерачунки кои велат и до преполовување на горивото (нафтата) поготово на отворена релација кога се вози. кога ке го додадеш и потрошениот плин есапот би бил 30-35% заштеда, а тоа е веке сериозна разлика во пари гледано...
удри го есапот на камииони кои трошат од 30 до 40 литри нафта на 100 километри а на дневна база проаѓаат повеќе од 1000 километри... значи 30% за нив би била заштеда од нај малку 10 евра на ден... 30 дена 300 евра... 2,5 до 3,5 месеци и ете ја инвестицијата, поготово на камион треба сериозна количина на плин т.е. боци... нај малку 2 боци од по 80 литри, да не се зезаме нели...