Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2561068 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12855 на: 31 Октомври 2017, 13:37:47 pm »
Од што го зборат толку Супербот сите, да му се одмили на човек од колата.

Тоа ти е кога колата ја оправдува цената по која се нуди...
Нешто што може да се каже за 0,000001% од актуелниве модели по салоните...од Дачија до АМГ.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12856 на: 31 Октомври 2017, 13:48:24 pm »
Ти изгледа си нов на форумов, овде сите возат нови мерцедеси и ланд ровери, кај нив во колите ништо не крцка и не тропка. Исто така  членовите на овој форум живеат во една земја Македонија каде кола како супербот се зема како второ возило за жената и за време на викенд им го даваат на децата за намшопинг во Тесалоники :)
Ех пусто македонче повеќе ценит 12 години старо Бмв отколку нов автомобил од 20000 евра

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12857 на: 31 Октомври 2017, 13:54:10 pm »
Ни јас не ценам нов автомобил од 20.000 евра...ако не грешам пред некој ден читавме дека Голф дизел се нуди за таква цена.
20.000 евра е супер сума да се купи возбудливо и моќно половно возило.
Супербот е само исклучок.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12858 на: 31 Октомври 2017, 14:24:40 pm »
На форумов:

„Шкода е новиот гољф“

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12859 на: 31 Октомври 2017, 16:06:22 pm »
Јебем ти Шкода покрај толку коли.

Како на пример кој?

Размислував исто како и тебе, страшно наклонет кон Инсигниа а завршив со Суперб, во меѓувреме разгледав се освен СУВ-ови.

Наброј пространо возило со голем гепек и петта врата каде ќе собере четиричлено семејство каде два члена се мали деца не поголеми од 5 години?

Стварно има многу возила ама кога ќе ставиш на хартија што уствари ти треба и што очекуваш од возилото, колку време би го користел, Супербот не е воопшто лоша опција, секој има разни барања и очекувања од колата. Супербот е кола на метро ама е ФЕНОМЕНАЛНА кола на метро, и за цената по која може да се купи е многу повеќе кола.

Инаку може да се направи дружба како онаа со мерењето на потрошувачката, па кој сака а не пробал до сега може и да го проба Супербот, па ќе каже дали е добар, лош, вреди, не вреди итн...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12860 на: 31 Октомври 2017, 20:32:07 pm »
Моментално ме палат друг тип на возила, а Шкода уште нема извадено таков модел. ;D
Не дека нешто не чини Суперб-от.

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12861 на: 31 Октомври 2017, 20:36:25 pm »
Ни јас не ценам нов автомобил од 20.000 евра...

Ајде бе, кој и што мислиш дека си ти бе па не цениш нова пристојна кола од 20.000 евра?

Абе нит сте тепани нит сте седеле гладни.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12862 на: 31 Октомври 2017, 20:43:54 pm »
Elevated Entry and Exit - ептен кул



Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12863 на: 31 Октомври 2017, 22:17:34 pm »
многу ме интересира изразот што често се користи рафинираност, као суперрбот е не доволно рафиниран или му фали рафинираност.

абе ало кој к ви е?

Му фали. Споредено со конкурентите од матичната куќа изгледа недоделкано. И во надворешниот и во внатрешниот дизајн. И тоа е намерно е направено во рамкките на групацијата да се знае на кој кај му е местото. Во детаљите се издвојува премиум сегментот. Тука е к -от

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12864 на: 31 Октомври 2017, 23:08:12 pm »
Ни јас не ценам нов автомобил од 20.000 евра...

Ајде бе, кој и што мислиш дека си ти бе па не цениш нова пристојна кола од 20.000 евра?

Абе нит сте тепани нит сте седеле гладни.

Вака Миле...aко се работи за мои пари:

1. до 10.000 евра половна, постара али брза, возбудлива,  еректибилна, погледомамична  но и захтевна да и висиш над хауба или под неа...ја пазиш влакно да не падне на неа.
2. од 10 до 15.0000 евра -  нова, домаќинска, за од А до Б, само тураш бензин и не му ја мислиш, али поприлично импотентибилна, секојдневна и досадна...па затоа ја переш само за празници.
3. од 15 до 20.000 евра  евра - половна али понова, побрза, уште по еретибилна од првата, но со помалку потенцијални кварови....да можеш во дневна да ја паркираш, најдобро.

4.Суперб

5.над 20.000 евра:
- или зимаш " У пичку матер ти не си нормален што си купил, знаш ли колку троши , колку се делови за оваа, си чул ли за нова кола ти??!
- или зимаш " Фино количе да ти кажам ....и јас се мислев, али се решив за Голф."

Последново зависи од cojonas димензиите на потенцијалниот купувач.


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12865 на: 31 Октомври 2017, 23:18:44 pm »
Браво за муабетов.

Car guy би купил ова:

" У пичку матер ти не си нормален што си купил, знаш ли колку троши , колку се делови за оваа, си чул ли за нова кола ти??!


;D ;D ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12866 на: 31 Октомври 2017, 23:49:39 pm »

- или зимаш " У пичку матер ти не си нормален што си купил, знаш ли колку троши , колку се делови за оваа, си чул ли за нова кола ти??!


Пошто муабетов е реален кај мене дома,  мора да прашам - Алфа бензинец да не купуваш? ;D ;D ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12867 на: 01 Ноември 2017, 09:30:30 am »
Дупли пост. :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

http://www.carclub.mk/2017/10/31/makedonska-premiera-na-novite-volkswagen-arteon-i-polo/

Полцето ко Полце. Модернизирано, затегнато, не сум сигурен дека предниот дел ми изгледа толку убаво како минатото. Иначе, се осеќа дека е поголемо (иако ја возевме ибицата што би требало да е иста) и постегнато. Штета што изложеното е апла основњаче во поглед на опрема.

Артеонот во живо е стварно јак. Особено во R-Line изведба, со големи тркала и сите нишани. Бојава е малку нападна, ама па и треба да биде. Overall, daaaaaaaaaaamn. Браво. Со тоа што, признавам дека ентериерот малку разочарува што е ист со Пасат. Не дека е лош, напротив, одличен е - него со таков екстериер, требало мааааалку да го издвојат ентериерот.



@zeroSignal  @Deni
Малку како да ви ги украле сликите тука, или си го имате натиго-дајмиго со овој портал?
http://www.crnobelo.com/novosti/avtomoto/54128-novite-arteon-i-polo-promovirani-i-pred-makedonskata-publika

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12868 на: 01 Ноември 2017, 09:33:50 am »
Баш ми е мило што се приметило дека се наши сликите. :)

Инаку насекаде се: http://tocka.com.mk/vesti/250273/porse-makedonija-gi-pretstavi-dvata-novi-modeli-od-linijata-na-volkswagen-novite-arteon-i-polo-promovirani-i-pred-makedonskata-publika


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12869 на: 01 Ноември 2017, 09:42:17 am »
Агенцијата што сликаше за Порше напраила ужасни слики, па од Порше нè замолија дали може да искористат неколку наши за PR објави. Со амин од Дени, им дозволивме. :)

Али што вика Дени, и мене ми е мило дека се приметува. :)