Зератуле, дали знаеш да кажеш како пресметуваат потрошувачка на Plug-in хибридите?
Рецимо за 530i Plug-in hybrid велат на пример 50км автономија на струја а декларираат 3.9 литри потрошувачка. Значи ли тоа дека ако 50км се на струја ондак наредните 50км се вози на бензин, па така се доаѓа до 3.9л на 100км?
Потрошувачката и кај овие коли се смета според NEDC. Тоа што NEDC е крајно, крајно нереален е друг муабет, али и тоа се рачуна така.
Автономијата на струја си е автономија на струја. 50 километри на батерии.
Потрошувачката се смета (мислам дека беше вака, ама не ме држи за збор) со полна батерија и регуларно се тера тестот како и кај обично возило со класичен МВС, и на крај се гледа потрошувачката.
Ако ти е празна батеријата на старт, ондак само бензинскиот мотор ќе си работи, и ќе си троши 'ко Мустанг. Додека не ги поднаполниш малку од малку батериите, и опет, и опет, и опет..