Прекрасно објаснето. Иако е многу површно, може да се оди каде-каде подлабоко. Од истите тие причини никогаш не ми беше јасно доплаќањето за 5 или 8 инчи дисплеј. За апликации и слично. Нешто што експресно брзо застарува. Нешто што никако не смее да се поистоветува со релативно „траен“ продукт како кола. Како сега кога ги гледаш конзолите на Е класа мечка од 2000та. Колата работи перфектно, само конзолата е очај. Зошто? Затоа што се труделе непотребно да напикаат некои дисплеи, телефони, глупости. Затоа и неможам да си замислам да купам половна Ес класа, иако се многу ефтини на пример. Затоа толку почитувам Суперб и Пасат ЦЦ, зошто добиваш многу повеќе од Голф, по цената и трошоците на Голф.
Колата треба да е трајна, а не површна и минлива. Седишта убави, волан убав. Економичен мотор. Автоматски електрични прозори. ЦЕнтрална брава со даљинско. Темпомат. Алуминиумски тркала. Многу изолација во кабината. Простор и комоција. Добри проектори во халогенски фарови. Радио со УСБ. Сензори за паркирање. Толку е потребата, овој дел од колата треба да е перфектно-перфектен за понатаму да додаваш сваштарии. Ова „Е“ колата. Другото се аксесорајз ко што носат девојчињата. Фино ете, но комплетно неважно.
Исто со дизните за директно убризгавање. Моторите рипнаа во цена екстремно, со никаков бенефит. Со намалена потрошувачка од 1.3%, а за возврат имаме 5 пати поскапи дизни. Корбонизација на комора, неможност за алтернативни горива, поскапа изработка, поголема расипливост.
Исто со турбовците. Заштедивме од 1.8 мотор (?! каква заштеда е тоа воопшто 2% во потрошња, а 200% во изработка и издржливост и сервис !?) кој оди на најеколошки горива, да ставиме 1.0 турбо мотор кој е 5 пати поскап, 5 пати покомплициран, 50 пати порасиплив, за да мораме да го возиме на поскапо гориво, и понееколошко. Тоа се вика технолошко уназадување, а не напредување.
Прогрес има во гумите. Пеки. Изглед на ентериери, пластики. Пеки. Ергономија, пеки. Се тоа е убаво функционално, издржливо, трајно или ефтино и лесно заменливо.