Електричниов Голф ЌЕШКИ да излезе. Ќешки!!! Веќе аман со влечкањево и со цените. Ако викаат дека треба да кошта како Голф дизел (со соодветна опрема да речеме) би била многу културна и пристојна цена од 22.000 евра за кола која има пространост на пасат а футпринт на голф. Со субвенции низ земјиве ете кај нас од 4000еур, кај Хрватите 6000еур си доаѓа на сосема пристојно ниво. Ете под 20.000 евра да испадне некако магично (да видам да не верувам) кон крајниот корисник, сосе бенефиции како паркинзи, тишина, екологија е полн погодок. А штом е полн погодок значи дека одма ќе се насадат и остантите од Оската со слични понуди наместо досегашниве баснословни. А оченувано како и секогаш со закаснување и Антантата да повлече и да излезат поефтините марки со понуда.
Ако голфов ги стабилизира цените на електричарите и макар една година само пред другите понуди продажба ќе се закова како бенчмарк и кај електричните возила во секојдневието. За сето тоа ќе каже цената. Па, да видиме.