Brabus ја искористи трката “24 часа Le Mans” за да го претстави својот тјуниран модел - Mercedes-AMG S63 Cabrio, кој сега и службено важи за најбрз и најмоќен кабриолет со четири седишта на светот. ...
Со 838 коњски сили до „стотка“ за 3,5 секунди, а до 200 км/ч за 9,4 секунди.
Brabus ја искористи трката “24 часа Le Mans” за да го претстави својот тјуниран модел - Mercedes-AMG S63 Cabrio, кој сега и службено важи за најбрз и најмоќен кабриолет со четири седишта на светот. До таков статус, Brabus дојде преку измени на турбо-полначот, издувниот систем и ред други модификации во однос на моторот и суспензијата.
Завршната изведба на тјунираниот 5,9 литарски V8 произведува 838 коњски сили, а силата се пренесува на сите четири тркала преку 7 - степенскиот автоматски менувач. Од нула до 100 км/ч, ова чудовиште ќе развие за само 3,5 секунди, додека до 200 км/ч стигнува за 9,4 секунди.
Максималната брзина изнесува 350 км/ч, која е всушност електронски лимитирана, како што велат од Brabus, поради гумите.